општина -зграда

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2018 година

 Врз основа на Одлука на Совет бр.08-4875/12  за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата во 2018 година ,член 4 од Правилникот бр.  08-4875/13  за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културни манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2018 година  на правно лице, член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.08/05), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 КОНКУРС За делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2018 година на правно лице

Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културни манифестации предвидени во Програмата за активностите на општина Кавадарци во областа на културата за 2018 година и тоа :

1.Културно стопанска манифестација ,,Св.Трифун“  -14ти Февруари 2018

2.Културно стопанска туристичка манифестација ,,Тиквешки Гроздобер“-септември

3.Нова Година – декември 

 

Конкурс за култура

Пријава за култура