фото бр 7

ОПШТИНАТА ПЕРМАНЕНТНО ВЛОЖУВА ВО РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ПАТНАТА МРЕЖА

 Општината Кавадарци и во вториот мандат на градоначалникот Александар Панов, како приоритет во Локалниот економски развој се фокусираше на реконструкција и осовременување на патната мрежа. Во корелација со Владата на Република Македонија се реализираа низа значајни проекти за ревитализација на регионалните и на локалните патишта, како во низинскиот така и во ридско планинскиот дел на Општината.

 фото бр 1    Реконструкцијата на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб е битен проект за ревитализација на ридско планинскиот делод општината. На 24 ноември 2013 година свечено е предаден во употреба реконструираниот и ревитализиран регионален патен правец Кавадарци-Мушов Гроб во должина од 16 километри. Со овој проект се осовремени главната сообраќајна артерија која води кон планината Кожув, каде се наоѓаат значајни стопански и туристички капацитети.

    На оваа патна делница се надоврзуваат локалните патни правци кон селата од Бошавијата. Реконструкција и адаптација на локален пат од м.в. Ладно Долче до с.Страгово. Во  првата фаза беше извршена  реконструкција во должина од  5,35 км,  со зголемена широчината на 5,50 м, направени се и  банкини.

Во втората фаза се продолжи во насока од с.Страгово до с.Крњево. Со реализацијата на овој проект стариот пат се прошири по цела должина со што се доби коловозна конструкција од 5,5 метри широчина и целосна патна инфраструктура.

Ревитализацијата на локалниот пат с.Бохула-с.Крњево претставува заокружување на проектото за реконструкција на локалната патна мрежа од регионалниот пат на Витачево кон селата Страгов, Крњево, Чемерско и Бохула.

Со реализацијата на овој проект постојниот пат се прошири по цела должина со што се доби коловозна конструкција од 5,5 метри широчина и целосна пропратна патна инфраструктура.

Реконструкцијата на локалниот пат од Кавадарци кон селата Ресава и Бегниште кој се протега по десниот брег на езерорто Тиквеш беше приоритет од патната инфраструктура кој се спроведе во две фази. Во 1 фаза беше извршено проширувањето и реконструкцијата на локалниот пат Кавадарци-Ресава со нов слој асфалт во должина од 6 километри и ширина на коловозната лента од 5,5 метри. Проектот беше во целосна реализација на Владата  со кредит од Светската банка во износ од 960.000 евра.

Во 2 фаза се изврши реконструкција и проширување на патот кој ги спојува селата Ресава и Бегниште. 37,5 милиони денари чини оваа инвестицвија со која се асфалтирани 4,4 километри во должина, а патот е проширен од  3,5 на 5,5 метри. Ова ќе го зголеми економскиот развој на селата Ресава, Бегниште, а ќе создаде услови за ревитализација на селото Дабниште. Посебно значење патото има за развојот на туризмот и стопанството на езерото Тиквеш.

Во должина од 988 метри беше извршено проширување и асфалтирање на преостанатиот дел од патот кон селото Фариш кое сега во целост со асфалт е споено со регионалниот пат Кавадарци-Прилеп.

Општината во изминатите 4 години вложуваше и во подобрување на сообраќајницуите кои се влезови во градот. Се изгради целосно нов кружен тек на „Западен Булевар“. Современо сообраќајно решение со кое максимално се подобри безбедноста и протокот во нормалното одвивање на сообраќајот. Кружниот тек се наоѓа на регионална улица преку која се одвива интензивен сообраќај во правец Неготино-Приле, Кавадарци-Скопје и обратно.

Во три фази беа реконструирани и главните сообраќајни влезови. Се започна од првацот од Прилеп на потегот од Југокомерц до градскиот базен, потоа следуваа влезот од правец на Росоман на потегот од Дрекслмајер до спој со Северен булевар.

Реконструкција се изврши и на регионалниот пат од Неготино ,аво општината Кавадарци на делницата од с. Марена до спој со Северен Булевар (обиколница) кај Општа болница Кавадарци.