1. фото 1 соборна црква Св Петка

ОПШТИНАТА ПОМАГА И ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Општината под раководство на градоначалникот Александар Панов во склад со своите можности и овластувања активно помага и во одвивањето на Духовниот живот во градот и општината.

Согласно изборната програма 2009-2013 година беше предложен проект за изградба на нова соборна црква, како придонес на локалната самоуправа во збогатување на црковниот живот.

Општината во соработка со МПЦ, бизнис заедницата и граѓаните Донираа сретства со кои се изгради Соборната црква Света преподобна Параскева– Св.„Петка“.

Овој нов храм е дело  на архитект Трајче Грков, го ѕидаа македонски нејмари каменорезци од тајфата на мајсторот Ристо Грозданоски од Мала Преспа, додека фрескоживописот кој сеуште е во фаза на живописување е дело на авторот Павел Апостоловски. Локацијата ја обезбеди Општината, а парите во најголем дел се донација од ФЕНИ Индустри, Кожувчанка, Градба Промет и останатиот бизбнис сектор од Кавадарци, како и од граѓаните.

Денсека црквата која плени со својата убавина е средиште на духовниот живот на православните христијани. Општина Кавадарци има донирано и сретства за реконструкција и зачувување на останатите цркви и манастири во општината. Во соработка со надлежните институции општина Кавадарци помогна во реконструкции на Полошкиот, Моклишкиот и Бошавскиот манатсир.

Општината донираше и во зафати на покриви, поплочување, пристапи и други зафати на црквите во селата: Марена, Сопот, Возарци, Бегниште, Мрежичко, Клиново, Драгожел. Општината помогна и во изградбата на новата црква во селото Брушани, а донираше и помала помош во други верски објекти во руралниот дел.

Во неколку наврати Општина Кавадарци има донирано и за обновување на џамијата во Кавадарци, како и во обезбедување на инфраструктура и пристапни патекиод бекатон до муслиманските гробишта на „Тепето“.

1. фото 1 соборна црква Св Петка              OLYMPUS DIGITAL CAMERA  ??????????