2. ОПШТИНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОБУКА ВО ИТАЛИЈА

ОПШТИНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОБУКА ВО ИТАЛИЈА

Делегација од Општина Кавадарци предводена од раководителот на Секторот за локален економски развој Тодор Ефремов, во која беа и Даниел Чолакоски и Сашо Мошев во периодот од 23 до26 јуни учествуваше на семинар-обуката во италијанскиот град Леука во рамките на проектот NOT GAP, финансиран од ЕУ по програмата Европа за граѓаните. Општина Кавадарци е партнер во истиот проект заедно со други 13 општини од европскиот континент. Цел на проектот е да се разбере подобро концепцијата „европски граѓани” и директно да се придонесе кон конструкција на иднината на ЕУ.

Делегацијата надвор од редовните активности оствари низа контакти со колеги од повеќе други европски општини. На средбите беа договорени почетни активности и чекори како потенцијал за идна соработка на повеќе полиња.

Кавадаречките претставници успешно ја завршија проектната обука која се состоеше од запознавање на европските партиципаторни алатки за поголема вклученост на граѓаните во европските процеси. Во исто време нашата делегација на видео бим ги претстави карактеристиките на нашата општина и ги презентираше потенцијалите на Тиквешкиот регион.