mic_kavadarci

Отворање на Младински информативен центар

Во среда, 19 август 2015 година, во 11:00 часот, официјално ќе биде отворен Младинскиот Информативен Центар – ИНФО СЕГА Кавадарци, втор од ваков тип во земјата. Основна цел на Младинскиот Информативен Центар е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, како и испорачување на обуки и едукации од различни сфери корисни за младите луѓе.

Младинскиот информативен центар официјално ќе биде отворен од страна на Градоначалникот на општина Кавадарци г-дин Александар Панов, Амбасадорот на Република Франција во Македонија г-ѓа Лоренс Оер и директорот на Агенција за млади и спорт на Р. Македонија г-дин Марјан Спасески.

МИЦ е дел од проектот „Младински Информативен Центар-ИНФО СЕГА Кавадарци кој Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Агенцијата на Асоцијации за Локална Демократија (АЛДА) го спроведува во рамките на Програмата за Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција и Локална Самоуправа Кавадарци.

Просториите на Младинскиот Информативен Центар се наоѓаат на ул. „Ресавска” бр. 4, кај првиот триаголник.