Општина Кавадарци

Пари од општината за НВО

Со 10 гласови „за“, два „воздржани“ и 6 „против“, советниците од Советот на општина Кавадарци ја усвоија одлуката за распределба на финансиски средства наменети за финасирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации кои работата во општината.

Меѓународниот фестивал на детски и младински хорови, еколошкото друштво „Тисовец“ и невладината организација „Зона“ добија по 40 илјади денари финансиска подршка за своите активности од Буџетот на општина Кавадарци.

По 30 илјади денари добија: Здружението на граѓани за заштита и рехабилитација и организација на деца од општините Кавадарци, Росоман и Конопиште, општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци, ПСД „Орле“, друштвото на ликовни уметници. Советот одлучи од Буџетот по 25 илјади денари да се издвојат за Народна техника, ОО на Црвен крст, здружението „Чекор кон Европа“ и здружението „Ликовна колонија Михајлово АРТ“.

Здруженијата „Васил Хаџиманов-Јуниор“, „Тиквешки роми“, здружението за развој, едукација и забава на децата со занаети и професии „Панчелито“, организацијата на жени „Визија„ локален центар за подршка на развојот и демократија и здружението за алтернативна култура „Алтер центар„ добија по 20 илјади денари. Исто толку од општинската каса ќе се трансферираат и на сметка на Сојузот на борците од народоноослободителната и антифашистичка војна.

За здружението на писетели, здружението за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“, здружението за негување млади таленти „Ластарчиња“ и „Еко живот“ добија по 15 илјади денари. По само 10 илјади денари ќе добијат сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци. Здружението на глуви и наглуви лица, центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, и здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“.

Во образложението на одлуката се наведува дека врз основа на доставените проектни предлози од нелвадиниот сектор, комисијата за евалуација на поднесените барања врз основа на квалитетот на содржината и бенефитот од проектите на здруженијата и фондациите одлучила која организација по колку пари ќе добие од касата на општината.