ПОСТАВЕН ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА УЛИЦА „ШИШКА’

ПОСТАВЕН ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА УЛИЦА „ШИШКА’

Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци го реализираше проектот  „Пешачки мост на улицата „Шишка“.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.

Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.

На источната стран ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно  со скалите кај основниот суд.

Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, долг е  21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.

Со овој проек општината реализира едно долгогодишно барање на  жителите. За неговата изградба се наменети 700.000 денари.