стобови на тротоарот предКит-Го (3)

ПОСТАВЕНИ 23 МЕТАЛНИ СТОЛБОВИ НА ТРОТОАРОТ ПРЕД СТАРАТА СТОКОВНА

Во активностите за решавање на проблемот со непрописното паркирање Општина Кавадарци постави метални столбови како физичка пречка на торотоарот пред објектот на поранешната „Стоковна куќа“.

Станува збор за 23 метални столбови со висина од 80 сантиметри кои се поставени на растојание од 1,7м, во вкупна должина од 40 метри. Со овие столбови се обезбеди пешачката патека која пред нивното поставување служеше за непрописно косо паркирање на возила.

Општината со овој зафат обезбеди значително подобрување на сообраќајот на низ главната сообраќајница ул„Илинденска“ од спојот со ул „Тиквешко востание“ до семафорот на делот од крстосницата со ул„Мито Хаџи-Василев“.

На овој простор сега има безбедно движење на пешаците, а сообраќајот по „Илинденска“ доби  пголема пропусна моќ. Вакви зафати општината најавува и на останатите сообраќајници.