zels

ПРЕПОРАКИ за заштита на здравјето на населението од студени бранови и студено време

Во зимскиот период:

 Вакцинирајте се навремено против сезонски грип (особено важи за лица над 60 години, и хронично болни лица)

  • Редовно земајте ја пропишаната терапија и консултирајте го Вашиот матичен лекар.
  • Пијте топли напитоци.
  • Јадете доволно бидејќи тоа ја одржува температурата на телото.
  • Избегнувајте алкохол бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија.
  • Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, обратете се кај Вашиот матичен лекар.
  • Проверете го времето и временската прогноза и одберете соодветна облека.

Во случај на екстремно ниски температури:

  • Избегнувајте физичка активност на отворено.
  • Користете топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и мраз.
  • Внимавајте на лизгави површини.
  • Размислете за набавка на основните лекарства и намирници порано, да ви ги достават, или пак да прашате пријател или сосед за помош.
  • Избегнувајте да излегувате надвор освен ако не е неопходно
  • Бидете активни и движете се во затворени простории, колку можете повеќе.
  • Проверете го греењето во домот. Најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18 – 21OC).
  • Доколку сте во можност помогнете на членовите на фамилијата, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население (постарите лица или оние со белодробни заболувања). Доколку забележите лице од ризик од студено време (бездомник, деца на улица и сл) пријавете на бесплатниот телефон 15505.

Информации за ранливите групи на население:

  • Постарите лица имаат потреба од потопла облека бидејќи тие создаваат помалку топлина за своите тела.
  • Бебињата се повеќе подложни на ладење, затоа треба да се проверува дали се загреани (дланките и стапалата треба да се топли).
  • Доколку имате срцева или белодробна здравствена состојба, избегнувајте тешки вежби на ладни температури, и облекувајте се соодветно (заштитете ги вашите глава, дланки и стапала). Земајте ги вашите лекарства редовно; доколку користите инхалатор, вдишете од истиот пред да излезете на ладно.
  • Доколку имате дијабетес, вашите дланки и стапала може полесно да се повредат или, при екстремни услови, да страдаат од смрзнатици, затоа внимавајте да останат загреани.
  • Доколку имате артритис, можете да дојдете до заклучок дека ладното ги влошува вашите симптоми. Ќе помогне доколку ги загревате повредените зглобови, и можеби ќе треба да ги приспособите вашите лекарства.
  • Обрнете особено внимание на оние кои живеат сами.
  • Доколку дојде до прекин на греењето за време на екстремно ниски температури, внатрешните температури се намалуваат и за само неколку часа просторијата станува ладна. Доколку ладењето продолжи, ќе се достигне внатрешна температура од +10°C.
  • При внатрешна температура од +10°C, здрав човек може да ја одржи својата телесна температура доколку се облече во топла облека. Со соодветна облека и ќебиња, здрав човек може да спие на ваква температура.
  • Доколку внатрешната температура падне под 10°C, на луѓето им е потребна енергија која ја создава мускулното ткиво со цел одржување на телесната температура.
  • За ранливите поединци беше препорачана внатрешна минимална температура од 20°C, додека температурите од 12°C се сметаа за ризик по здравјето за истите.
  • При температури под 16°C постои зголемен ризик од респираторни инфекции, додека при температури под 12°C постои зголемен ризик од голем напор врз кардиоваскуларниот систем (Колинс, 1986).
  • По 2 часа или повеќе на помалку од 6°C, длабоката внатрешна температура опаѓа и постои ризик од хипотермија.

Домување и греење при ладно време:

Препораки за претставници од локалната самоуправа и центри за социјална работа:

  • Обезбедете прифатни центри за интервентно згрижување на лица под ризик од студено време и студени бранови. 

Да го заштитиме здравјето на вработените во услови на студен бран 

Доктор специјалист по медиицина на трудот треба да ги има предвид работните места со ризик и работниците кои работат на отворено во услови на ниски температури:

  • Докторите, спец.по медицина на трудот мора да бидат соодветно  информирани, обучени и подготвени за акција, во услови на професионална експозиција на работниците на ниски температури, особено при работа на отворено, во зимскиот период.
  • Резултатите од проценката на ризик од работа на студени работни места треба да бидат достапни на Службите за медицина на трудот ( СМТ), при оценувањето на индивидуалната здравствена состојба и работната способност на експонираните работници, како и утврдување превентивни мерки на конкретни работни места.
  • Службите за медицина на труд, ангажирани од страна на работодавецот,  имаат обврска за спроведување  на превентивни здравствени прегледи на работници кои работат во услови на ниска температура, согласно Правилник за видот, начинот и обемот на превентивни здравствени прегледи на вработените ( Сл.вес.171/2010).
  • Службите за медицина на труд имаат обврска да обезбедат соодветни информации  на работодавачите и работниците кои работат во услови на ниска температура за постоечкиот ризик како и примена на соодветни мерки за справување со ризикот  од ниски температури.

Препораки за работодавците:

  • Да се воспостави политика и план на делување при работа, во услови на студ-ниски температури.
  • Да се препознаат условите на работа и работното место кои може да бидат опасни
  • Да се контролираат условите на работа на работното место и да се превзимаат соодветни мерки за безбедност при работа
  • Да се запознаат  работниците  со опасностите на кои се изложени при работа на отворено, на ниски температури како и со мерки кои треба да се превземат со цел за заштита на живот и здравје на работниците
  • Да се запознаат работниците со знаци и симптоми на  заболувањата и повредите предизвикани од студ
  • Да се обезбеди основен прибор за прва помош и да се оспособат работниците за пружање прва помош.
  • Да се советуваат работниците за соодветно облекување за студено , влажно и ветровито време, вклучувајќи ја облеката во слоеви според променливите временски услови
  • Во екстремно студени услови, да се обезбедат кратки прекиди во работата во топли засолништа
  • Да се организира работата во најтоплиот дел од денот и да се скратат периоди на работа надвор
  • Да се избегнува исцрпување и замор на рабиотниците бидејќи енергијата е потребна за зачувување телесна топлина
  • Да се користи аларм систем-работа во парови ( не изолирана индивидуална работа), за да еден работник кај друг, може да ги препознае знаците на опасност
  • Да се обезбедат топли засладени напитоци
  • Да се запомни дека работниците се соочуваат со зголемен ризик доколку земаат одредени лекарства, ако се во слаба физичка кондиција или страдаат од одделни заболувања како што се дијабет, хипертензија, или други кардиоваскуларни заболувања

Препораки  за  работниците: 

  • Работниците треба соодветно да се информирани за опасностите на кои се изложени при работа на отворено, во услови на  ниски температури, како и со мерки кои треба да се превземат со цел за заштита на нивниот живот и здравје
  • Работниците треба да се запознати  со знаци и симптоми на  заболувањата и повредите предизвикани од студ
  • Работниците треба да се оспособени за пружање прва помош и да ги применат следните акции:

ü  Веднаш да се соблече влажна облека и обувки

ü  Изложените делови на телото постепено да се затоплуваат на собна температура

ü  Да се даде топла напивка доколку работникот е при свест

ü  Доколку особата е без пулс , да се пристапи кон реанимација и викне итна помош

  • Треба да се користи слоевита, комотна и топла облека за студено, влажно и ветровито време, со капи (со заштита на откриени делоови на главата и вратот-на пр.поткапа или марама и сл.), соодветни  обувки (комотни и со добра изолација од студ и влага), чорапи (два пара, подобро да се од синтетика), ракавици (со добра изолација од студ и влага)
  • Треба да се консумираат поголеми количества топли, засладени напитоци , а да се избегнуваат пијалоци со кофеин ( на пр.кафе) и алкохол
  • Треба да се консумираат редовни топли оброци од  висококалорична храна.