IMG_5440

Прием за кошаркарите од гимназијата

Кошаркарската репрезентација на гимназијата „Добри Даскалов“ предводена од   тренерот Ифтимчо Пецов професор по физичко и, претседателот на Сојузот на училишен спорт на Кавадарци Миланчо Колев денеска беше применена од градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов.

Тие триумфираа на Државното првенство во кошарка за средни училишта кое се одржа во Кавадарци. Со максимални четири убедливи победи, кавадаречките гимназијалци во голем стил ги запишаа своите имиња до славната генерација нивни претходници предводена од Тодор Гечевски која пред 19 години исто така го освои трофејот за најдобр средношколски кошаркарски тим во Македонија.

Градоначалникот Панов им честиташе на успехот, бидејќи не е мала работа да бидат први меѓу стотина екипи од средните  училишта во државата. Тој на средбата беше информиран за идеите на тимот за натамошно дејствување, а им вети дека е  на располагање да им помогне секогаш кога ќе им биде потребна помош од локалната самоуправа која е подготвена обезбеди  можност младите кошаркари да ја претстават општината надвор од Македонија во содејство со Сојузот на училишни спортови на Македонија .

„Секогаш кога имаме високи достигнувања на било кој млад талент или екипа, редот е да направиме прием за  дополнително да ги окуражам за нивите натамошни настапи. Не  е мало достигнувањето да бидете први во Македонија. Сите овие достигнувања се прават со однапред подржана активност на Сојузот на училишни споротиви и преку нивниот тренер и неодминливиот талент да се биде првак на Македонија не е мала работа. Од мене беше дадена целосна подршка. Си земав за обврска да контактирам со КК “Фени Индустри“ да сенаправат одредени корекции во политката на клубот овие деца да бидат повеќе застапени и да во иднина секогаш имаме некој репрезент во клубот Фени, бидејќи сум убеден декане е добро, клубот кој доаѓа од град со докажани кошаркарски таленти и репрезентативци како Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов и Горан Самарџиев, да остане само со играчи надвор од Кавадарци“ рече Панов.

Капитенот на кошаркарскиот тим од гимназијата „Добри Даскалов“Милков Милан го искажа задоволството да се предводи тим кој постигна одлични резултати на државното првенство во кошарка.

„Не беше многу лесно. Во секоја утакмица влеговме маклсимално сконцентрирани. Иако некои екипи важеа за псолаби со максимално залагање успеавме да ги победиме сите противници“ рече Милков.