Проект на општина Кавадарци - „Од граѓаните за заедницата, Од заедницата за граѓаните“

Проект на општина Кавадарци – „Од граѓаните за заедницата, Од заедницата за граѓаните“

Пет жени и еден маж се лицата  кои во следните шест месеци ќе извршуваат општинско-корисна работа во рамките на проектот „Од граѓаните за заедницата, Од заедницата за граѓаните“. Денеска Градоначалникот Александар Панов им ги додели решенијата врз основа на кои тие ќе бидат ангажирани  за месечен надомест од 6.200 денари за 20 работни часови со вклучен персонален данок.

Овој ангажман е можност да се стекнат со нови работни вештини, а битно е што за време на периодот на ангажирањето не го губат статусот  корисници на социјална помош. За периодот во кој ќе ја извршуваат новата работа тие ќе пружаат елементарна помош и грижа на стари изнемоштени или инвалидизирани лица во домашни услови. Тоа ќе значи, дружење со нив, плаќање на сметки, набавка на прехрамбени артикли, лекови како и грижа за истите. Проектото предвидува овие услуги на крајните корисници да им бидат достапни неколку пати во неделата.

При доделувањето на решенијата Панов им посака усдпешна работа при што им порача дека тие врз себе превземаат голема одговорност, но во истовреме доколку со чесна работа и искрен пристап остават добар впечаток ќе создададт услови за продолжување на проектото кој општината го реализира во партнерски однос со Регионалниот центар за социјални работи од Кавадарци, Агенција за вработување од Кавадарци и здржение Крекатив. Проектот е финансиран од страна на УНДП.