ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ -ПРОЕКТИ

Проект – Вардарски плански регион

Претседателот на Советот за развој на Вардарски плански регион Славчо Чадиев во Кавадарци на градоначалникот Александар Панов му ги предадае четирите нови проекти на Центарот за развој на Вардарски плански регион финасирани од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа. За овие проекти се обезбедени  пари од општината, Бирото за регионален развој како и од УНДП и за кои е потпишан Договор на 04.05.2015 година.  Овие проекти се аплицирани по претходна добиена согласност од Советот за развој утврдени како приоритетни проекти за развој на регионот.

„Во зградата на општина Кавадарци ќе се изгради надворешен лифт каде непречен пристап ќе имаат сите лица со посебни потреби. Предивдена е изградба на забавен парк, летниковец, како и санитарен јазол во ООУ „Гоце Делчев“. Со тоа заокружуваме една фаза, што значи непречен пристап на сите граѓани до јавните институции. Ова ни претставува поттик како градоначалници да работиме во натамошниот период и  во сите училишта каде што има деца со поебни потреби да помогнеме. Во тој контекс е најавата за  набавка на четири моторни колички за хендикепирани младинци од Кавадарци и тоа ќе биде проект во континуитет“ рече Панов

Градоначалникот Панов ја најави и изградбата Регионален центар за поддршка на граѓанскиот сектор во општините од Вардарски плански регион со седиште во Општина Кавадарци. За овој проект се обезбедени средства во висина од 4.843.109,00 денари за реконструкција и адаптација на летната бавча  во некогашниот Младински дом веднаш до  новиот музеј Кавадарци. За потребите на проектот изготвен е основен проект, ревизија на основен проект и обезбедено е одобрение за градба од страна на Општина Кавадарци.

Во овој склоп е и проектот за изградба на канлизациона мрежа во селото Бохула со вредност од 3,6 милиони денари.