1. Проширување и реконструирање (2)

ПРОШИРЕН И РЕКОНСТРУИРАН ЛОКАЛНИОТ ПАТ с.БОХУЛА-с.КРЊЕВО

Со финансиска поддршка од Агенцијата за подршка на земјоделството и руралниот развој се заврши реконструкцијата на локалниот пат од селото Бохула до селото Крњево. Патот е проширен и со многу поголема безбедност за сообраќај. Со реконструкцијата беа опфгатени 5,5 километри и широчина од 5,5 метри. Ова е продолжување на претходните интервенции на целокупната траса на овој локален пат  Витачево-Страгово-Крњево-Бохула. Претходно  бер реконструирани делниците „Ладно долче“-Страгово, а потоа делот  од под село Страгово до пред с.Крњево и последниот зафат беше Крњево-Бохула.

Градоначалникот Александар Панов беше на терен во посета на ревитализираната трета делница од овој исклучително значаен локален пат. Панов нагласи дека  селата од поранешната општина Конопиште веќе имаат изградена патна инфраструкура и лесно се стигнува до нив.

„Со задоволство можам да констатирам дека тоа што беше визија на луѓето од горните села или од некогашна општина Конопиште во консултација со локалната самоуправа преку месните заедници, сега на самото место може да констатираме дека една голема работа е завршена. Се работи за потег од околу 5 киломтери од селото Крњево до селото Бохула. Работевме на проширување и на уредување на овој патен правец. Ова е еден од последните зафати што ги работиме на овој простор. Изведувач беше „Жикол“. Благоарност до Владата што ни овозможи да подеднакво направиме поволна инфраструктура за луѓето кои живеат тука,  но и да размислуваме за идниот развој на овој пасивен дел од општина Кавадарци. Она што беше желба на претседателсатвата на месните заедници ќе биде преточено како програмски определби на мојата партија во наредниот период, односно она што претседателот на партијата го најави, обратен процес на миграција од град во село. Првите чекори се направени,а тоа е да се обезбеди поволна патна инфраструктура.“ рече Панов

Градоначалникот додаде дека е во фаза на реализација превземање и одржување на лоаклните селски водоводи од страна на ЈП „Комуналец“ со што ќе се обезбеди уште еден важен услов за создавање услови за рвитализација на селата.