Категорија: Тиквешки гроздобер

Свечен прием за делегациите од збратимените градови и гостите од Федерацијата на Европските карневалски градови

Свечен прием за делегациите од збратимените градови и гостите од Федерацијата на Европските карневалски градови

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за делегациите од збратимените градови и гостите од Федерацијата на Европските карневалски градови приреди свечен прием во холот на Домот на културата.
Кавадарци на гроздоберот 2019 година ги угости делегациите на збратимените општини: Бољевац, Бјељина, Горњи Милановац, Добрич, Едеса, Ковин, Лесковац, Макарска, Пантелеј-Ниш, Ражањ и Угљевик. Градоначалникот на сите им посака добредојде и искажаа благодарност со нивното присуство. Притоа подвлече дека таа соработка засилено ќе продолжи и во иднина. На приемот беа разменети меѓусебни подароци.
Од Бордот на ФЕК за градоначалникот Јанчев беше доделена плакета и медал во знак на признание на обновената соработка на „Тиквешкиот гроздобер“ со оваа најмасовна европска асоцијација на карневалските градови. Медал беше доделен и на Сања Крстик која е и потпретседател на асоцијацијата на карневалски градови.

Доделени признанија за поддршка и учество на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ 2019

Доделени признанија за поддршка и учество на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ 2019

Градоначалникот и општината на учесниците на изложбата на „олд тајмери“ им додели признание за поддршка и учество на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ 2019.
Нивните обновени миленици на четири тркала кои беа дел од изложбата привлекоја многубројни посетители од сите возрасти.
Од името на организаторот, кавадаречкиот ентузијаст и сопственик на повеќе стари возила Мите Ташев и претставник на организаторот, на учесниците иматели на стари обновени возила на централната бина им доделија плакети изразувајќи им притоа благодарност што со нивниот настап ја збогатија програмата на годинашниот гроздобер.

ПОДМЛАДОКОТ НА „ТИКВЕШКИ ТОЧАКЏИИ“ НА ГРОЗДОБЕРОТ

ПОДМЛАДОКОТ НА „ТИКВЕШКИ ТОЧАКЏИИ“ НА ГРОЗДОБЕРОТ

Благодарница за здружението „Тиквешки точакџии“ од градоначалникот и општината за нивното второ учество на стопанско туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“ 2019.

Градоначалникот Митко Јанчев благодарницата им ја додели веднаш по пристигнувањето на градскиот плоштад каде група од 40 велосипедисти пристигнаа по извозени 10 километри.

Годинава „Тиквешките точакџии“ во погон ги вклучиа младите сили. Подмладокот на клубот под инструкции на повозрасните членови ја возе рутата Кавадарци-Манастир Св. „Спас“ на Љубаш- Кавадарци во должина од десеттина километри. Ова беше нивно прво посериозно оф-роуд искуство.

БЕСПЛАТНИ ТЕТОВАЖИ ЗА ПЕТМИНА  ВО ЧЕСТ НА ГРОЗДОБЕРОТ

БЕСПЛАТНИ ТЕТОВАЖИ ЗА ПЕТМИНА ВО ЧЕСТ НА ГРОЗДОБЕРОТ

Како дел од гроздоберската програма е и уметничкиот настап на Тату артистот Пане Ризов од Тату студиот „Булфрог“ од Кавадарци.

Тој под тенда на плоштадот изработи пет бесплатни тетоважи за посетителите на „Тиквешкиот гроздобер“. Имињата на петмината среќници кои добиа бесплатни тетоважи беа  јавно извлечени пред самиот почеток на неговиот перформанс. 

ГРОЗДОБЕРСКА АТМОСФЕРА

ГРОЗДОБЕРСКА АТМОСФЕРА

Приказната под отворено небо ги одбројува часовите од вториот ден на „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година. Пријатното време и убавата атмосфера на плоштадот надополнети со македонската евергрин музика прават дел од гроздоберската слика за Кавадарци. Полни кафетерии и ресторани, децата уживаат во прошетка со родителите. Гости понесени од убавата музика си тераат гроздоберски „ќеиф“ со танц. Тука е и традиционалниот маџун за надополнување на истрошената енергија.
Драги гости добродојдовте и УЖИВАЈТЕ, во Кавадаречката гроздоберска Приказна под отворено небо.