Категорија: Тиквешки гроздобер

ГРОЗДОБЕРСКА „ТАБЛИЈАДА“ 2019

ГРОЗДОБЕРСКА „ТАБЛИЈАДА“ 2019

Четириесет и шест пријавени натпреварувачи, меѓу нив и две жени денеска на вториот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ го започнаа традиционалниот 10-ти турнир во „цајкова табла“ кој во рамките на гроздоберот се игра под името „Таблијада“.

Еден од натпреварувачите беше и градоначалникот Митко Јанчев кој исто така е љубител на оваа стара традиционална игра. Општината за најдобрите обезбеди пригодни награди како потсетник за учеството. Таблијадата се игра на локацијата во Паркот на револуцијата.

75 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

75 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

Кавадарци денеска слави, одбележува 75 години од ослобдувањето. На денешен ден 1944 година партизанските единици на НОВ го ослободија градот од фашистичкиот окупатор.

Во чест на празникот а за почит кон ослободителите делегација предводена од градоначалникот м-р. Митко Јанчев на градскиот плоштад пред споменикот на слободата положи букети свежо цвеќе.

Во знак на благодарност кон жртвите букети цвеќе положија и делегација на Советото на општината, Сојузот на борци и почитувачи на придобивките од Народно ослободителната војна, од политичките партии, претставници на институциите од културата, како и здруженија на граѓани.

Градоначалникот Јанчев во чест на празникот упати честитка до граѓаните, изрази благодарност кон ослободителите, и посака Кавадарци да се развива и живее во мир и благосостојба

НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ГРОЗДОБЕРОТ ИЗЛОЖБА НА ОЛД ТАЈМЕРИ

НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ГРОЗДОБЕРОТ ИЗЛОЖБА НА ОЛД ТАЈМЕРИ

Изложбата на стари возила беше воведот во вториот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година. Градоначалникот м-р. Митко Јанчев меѓу првите ја посети традиционалната изложба на одбновени автомобили.

На улицата „Илинденска“ (БИД зона) наредени четириесеттина возила од повеќе генерации. Меѓу нив моторцикл, џип, повеќе мерцедеси, возила на Застава популарните Фиќо и Југо, Опрли, фордови, BMW, популартната Буба, руски Москвиќ, НСУ Принц, а меѓу нив и познатото гевгелиско Рено 4 кое стигна до границите на Кина. 

Посетителите имаа можност да го видат и најстарото возило на изложбата Опел од 1931 година, а се задржува и фотографираа пред црвениот американски Бјуик од 1952 готодина. 

ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ПЛОШТАДОТ РЕЗЕРВИРАНА ЗА МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ

ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ПЛОШТАДОТ РЕЗЕРВИРАНА ЗА МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ

 Главната сцена на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ е резервирана за музичките ѕвезди. Вечерва 6 Септември пред публиката на плоштадот и гостите на штандовите на винарниците настапуваат: Тони Зен-Ди Џеј со негов сет, дуото „2 БОНА„ и „ТРАП СТЕЈШН“  .

 Музичката програма започна во 20:00 часот, а ќе трае до полноќ.

На сите гости на „Тиквешкиот гроздобер“ градоначалникот и општината им посакуваат пријатен престој и убави и незаборавни моменти од гроздоберот 2019.

Драги гости вечерва имајте убави моменти во градот на грозјето и виното.

Приказната под отворено небо продолжува утре од 10:00 часот.

Се гледаме…

Отворена изложба на фотографии „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981

Отворена изложба на фотографии „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981

На првиот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година во Музеј-Галерија Кавадарци беше отворена изложба на фотографии „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, со што и официјално е започнат “Тиквешкиот Гроздобер”.
Автор на поставката на оваа изложба е Јадран Манчев. На истата се изложени 60 црно бели фотографии кои ги отсликуваат гроздоберските празнувања во Кавадарци низ годините на неговиот зенит.
Фотографиите се авторско дело на познатиот кавадаречки новинар и фото документарист Бранко Ивановски кој со објективот на неговиот фото апарат ги забележал значајните настани од историјата на Тиквечкиот гроздобер.