Категорија: Актуелни информации

Јавен повик бр.1/2021 за финансиска подршка наменета за спортски клубови,професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци

Јавен повик бр.1/2021 за финансиска подршка наменета за спортски клубови,професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува 

ЈАВЕН ПОВИК бр1/2021

За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2021, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

 

  1.  Се повикуваат спортските клубови, професионални клубови регистрирани на пордачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок. 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финанасирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот  од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

 

2.        Основни организациски критериуми :

– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

–   ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.

– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;

– го организираат и спроведуваат системот на натпревари;

– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

– се грижат за унапредување на младите категори.

Задолжителна документација за аплицирање :

-Решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт;

-Доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар;

-Доказ од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува и времетраењето  на учеството на спортистот / клубот во соодветната федерација.

-Детално разработена програма / проект на активности во тековната година ;

-Документација со која се потврдува искуството за апликантот во реализирање на програма/ проекти и активности од областа на спортот, постигнати резултати, успеси;

-Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата /проект (број на ангажирани лица ,опис на трошоците по позиции)

– Извштај за потрошените средства добиени од Општина Кавадарци за 2020 година .

Прилози, фотографии, награди.

  

3.НАПОМЕНА : Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација нема да се разгледуваат.

 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 12.01.2021 година а крајниот рок за поднесување е 30.01.2021..Пријавите со целокупната документација се доставуваат се доставуваат лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани ) , на адреса : Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.30 ч (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )

Пријавата за аплицирање како и образецот за аплицирање се достапни на интеренет страницата на Општина Кавадарци : www.kavadarci.gov.mk

Механизам за жалби и поплаки по Проект за поврзување на локални патишта

Механизам за жалби и поплаки по Проект за поврзување на локални патишта

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кавадарци ќе го реализира проектот за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и “Илинденска” во град Кавадарци – Општина Кавадарци.

Во прилог се два документи  Образец и механизам за жалби и поплаки.

ОБЈАВА број 01/2021 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА број 01/2021 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 275/19), Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.13453/2 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5608/12 од 28.10.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.64/20), Извештај за процена на недвижен имот изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје  со бр.306 од 16.10.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/50 од 19.10.2020 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/38 од 16.12.2020 година, донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20), Извештај за процена на недвижен имот, изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје со бр.369/1 од 16.11.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/63 од 17.11.2020 година,  Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/37 од 16.12.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20), и Извештај за процена на недвижен имот, изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје со бр.369/2 од 16.11.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/64 од 17.11.2020 година,  Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

 

ОБЈАВА број  01/2021

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

  

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.13453/2 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5608/12 од 28.10.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.64/20), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/38 од 16.12.2020 година, донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/37 од 16.12.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20).

Објава број 01/2021
Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во општина Кавадарци

Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во општина Кавадарци

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица на 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на општина Кавадарци за извршување на активности според Проектот „За чисто и убаво Кавадарци“

 

Јавен повик