Категорија: Актуелно

Осумнаесет велосипедисти од Велосипедската федерација на Македонија пристигнаа во Кавадарци

Осумнаесет велосипедисти од Велосипедската федерација на Македонија пристигнаа во Кавадарци

Осумнаесет велосипедисти од Велосипедската федерација на Македонија денеска пристигнаа во Кавадарци како дел од велосипедската трка која се одржува во повеќе етапи низ земјава по повод одбележувањето на денот на независноста на Република Македонија.

Велосипедистите на градскиот плоштад ги пречека градоначалникот Александар Панов кој нагласи дека е почестен од тоа што во рутата е влезено и Кавадарци.„Спомнавме нешто што возминатиот период не успеавме да го завршиме. Иако возобновивме многу турнири, „Ваташкиот велосипедски меморијал“ не успеавме да го возобнобвиме. Си зедов обврска заедно со луѓето од федереацијата да го вратиме на нивото на кое што беше во време на бивша Југославија“ рече Панов.

Трката е организирана од Велосипедската федерација на Македонија поддржана од Агенцијата за млади и спорт и Републичкиот сојуз на спортови. „Секако дека оваа трка не би се остварила без подршка од локалните самоуправи во општините каде што поминува. Турата започна на 1 септмеври. Дел има натпреварувачки карактер, како на пример првата етапа Скопје – Кичево. Останатиот дел е рекреативен, со цел промоција на велосипедизмот со главна идеја зацртување на картата за етапите за 2014 каде што ќе помине трката следната година. До година трката во целост ќе има натпреварувачки карактер. Федерацијата ќе има за цел да донесе 10-тина држави учесници и десетина домашни екипи“ рече секретарот на Велосипедската федерација, Сашко Ванчевски кој нагласи дека во разговор со градоначалникот на Кавадарци ги воспоставиле почетните контакти за возобновување на трката која опстојуваше 35 години, „Ваташки меморијал“. „Сите ние кои учестувавме на таа трка имаме убави спомени“ рече Ванчевски.

Младите имаат голема желба и професионално да возат велосипед, ни рече денеска селекторот на велосипедската федерација Марјан Пецовски. „Имаме голем интерес од млади велосипедисти во Велосипедската федереација, односно во нашите членки- велосипедските клубови. Тука имаме млади кандидати кои се потенцијални учесници за следната година. Оваа година ја трасираме траката низ Македонија и се надеваме дека следната година со успех ќе ја спроведиме и натпреварувачки.“ рече Пецовски.

Пробиен патот до селото Галиште

Пробиен патот до селото Галиште

На срединато од летото општината Кавадарци согласно програмата за комунална изградба 2013 година вложи 500.000 денари во реконструкција и адаптација на локалниот патен правец кон селото Галиште. Оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ ги заврши работите на овој локален пат во вкупна должина од 19,5 километри. Станува збор за земјен пат  кој ги поврзува селата Ќесендре и Галиште каде се работеше на пробивање на целосно нова траса во должина од 4,5 километри, како и на расчистување и реконструкција на останатите 15 километри.

Со овој зафат општината за прв пат  го стави во употреблива состојба овој пат кој досега беше користен од жителите на овие села кои мораа до таму да патуваат по многу тешки услови, само содобиток, трактори а најхрабрите и со џипови. По извршените зафати патот од Кавадрци до селото Галиште е целосно употреблив за  џипови,трактори и товарни возила. Вкупната широчина на патот е 5,5 метри што е согласно нормите за локални патишта. Во истовреме се интервенираше и на локалниот пат Раец-Ќесендре каде беа изведени работи на расчистување на вегетацијата како и санирање на критичните места.