Категорија: Актуелно

НОВА МАШИНА РОВОКОПАЧ ВО „КОМУНАЛЕЦ“

НОВА МАШИНА РОВОКОПАЧ ВО „КОМУНАЛЕЦ“

Во кругот на јавното претпријатие „Комуналец“ беше промовиран новиот скип-ровокопач, машина со кој можат да изведуваат неколку операции во градежништвото. Возилото пред јавноста го промовираа градоначалникот м-р Митко Јанчев и Ѓорѓи Поп -Ицов директор на ЈП „Комуналец„.

Во изјава за медиумите градоначалникот Јанчев рече: „Планот се остварува. Јавното претпријатие Комуналец со Локалната самоуправа создавата услови да се намалат трошоците на услугите и изведбените работи, на тој начин   што наместо трети лица (фирми) градежните работи сами ќе ги вршат вработените во „Комуналец“. На тој начин ќе се заштетат и време и пари. Годинава е договорено да се вложат 350 илјади евра за набавка на возила и градежни машини. Ова е првата од нив, а во наредните денови ќе следува достава и на наредните три машини“.

„ПОДВИЖНА СКАЛА“ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ДОНАЦИЈА ОД „МАШИНОКОП“

„ПОДВИЖНА СКАЛА“ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ДОНАЦИЈА ОД „МАШИНОКОП“

Против пожарната единица на општина Кавадарци во чест на Денот на пожарникарите 20 мај, доби уште една донација. Овојпат се работи за противпожарно возило скала, коа зе потребите на противпожарната единица го набави фирмата „Машинокоп“ од Кавадарци.

Возилото е наменето за интервенции  при гаснење на пожари во висококатни згради, како и за спасување на луѓе при различни интервенции на високи објекти.

Со оваа донација се прошири и обнови возниот парк на ПП единицата, која претходно прими донација командно возило од фирмата „Екстра бус“.

Во наредниот период „Дрекслмајер“Македонија од Кавадарци ќе донира комплетна заштитно работна облека за персоналот.

НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ НА ГРАДСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР

Од 8 мај 2018 година, градскиот  зелен пазар во Кавадарци ќе работи секој ден освен понеделник.

Воведувањето на новиот работен режим на градскиот пазар наместо досегашните три (среда, петок и недела) на шест дена во неделата (вторник-недела) е донесен со одлука на Советот на Општина Кавадарци.

Промена има и во работното време на пазарот кое сега во деновите на работа ќе биде во периодот од 06:00 часот до 16:00 часот.

Советот на Општина Кавадарци ја усвои и одлуката со која се воведува и нов ценовник според кој продавачите ќе плаќаат за користење на тезгите под закуп.

Градскиот зелен пазар е во надлежност на Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци кое ќе треба да го спроведе новиот режим на работа.

Општината со воведувањето на новиот режим за работа очекува порационална искористеност на градскиот пазар пред се во функција на граѓаните кои традиционално свежите земјоделски производи ги купуваат од зелениот пазар.

 

Општина Кавадарци 

кабинет на Градоначалник

М-р Митко Јанчев

ОПШТИНАТА СО НИЗА НАСТАНИ ЌЕ ЈА ДОЧЕКАНОВАТА 2018 ГОДИНА

ОПШТИНАТА СО НИЗА НАСТАНИ ЌЕ ЈА ДОЧЕКАНОВАТА 2018 ГОДИНА

Кавадарци се подготвува за дочекот на новата година. Централното градско подрачје е во новогодишен амбиент. Општината годинава за прв пат постави новогодишни светилки и во центарот на селото Ваташа. Покрај украсувањето на централното градско подрачје, годинава за прослава на новогодишните празници се издвоени 803.527 денари.

Според програмата, предновогодишното одбележување ќе започне на 26 декември кога градоначалникот Митко Јанчев и Дедо Мраз ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата од прво до петто одделение во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и  „Гоце Делчев“. На 27 декември за учениците од училиштата „Страшо Пинџур“ и„Тоде Хаџи-Тефов“, а на 28 декември пакетчиња ќе добијат и децата од училиштата „Димката Ангелов-Габерот“ с.Вататша и од Кавадарци. Новогодишни пакетчиња општината обезбедии за децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.

За најмладите во Домот на културата предвидена е и новогодишна детска претстава во изведба на актерите од кавадараечкиот театар за која  годинава влезот ќе биде бесплатен.

Локалната самоуправа  годинава на градскиот плоштад  подготвува дочек на Ниовата 2018 година. Сите кои ќе се решат најлудата ноќ од годината да ја поминат на градскиот плоштад, ќе можат да уживаат во настапите на кавадаречките музичари, групи и виџеи. Програмата ќе ја води кавадараречкиот актер Диме Коцевским а во музичкиот дел напрограмата ќе настапт домашните: Александра Михова, DJ Face, и рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал.

Во новогодишаната програма е вклучен и традиционалниот божичен концерт на основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ кој ќе се оддржи на 8 јануари.

СОВЕТОТ УСВОИ ПРОГРАМА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

СОВЕТОТ УСВОИ ПРОГРАМА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

Кучињата скитници се голем проблем во Кавадарци и кавадарчани со право очекуваат решавање на истиот. Евидентирани се повеќе случаи на граѓани кои се каснати од куче скитник. Во правец на реализирање на заложбите за конечно симнување на овој  проблем од  дневен ред Советото на општината усвои Програма за заштита и благосостојба на кучињата скитници.

Во програмата меѓу другото стои дека, бездомните кучиња ќе се заловуваат и ќе се третираат преку социјализација и обележување со микрочип. Нивното неконтролирано размножување ќе се решава со кастрација, Најголем дел од мерките содржани во програмата ќе ги реализира ЈП „Комуналец“ во соработка со регистрирани прифатилишта. Во програмата се предвидува хумана еутаназија на бездомните кучиња во случај на појава на заразна болест.

Контролата на квалитетот и исправноста во извршувањето на обврските на општина Кавадарци, согласно Закон за заштита и благосостојба на животните и годишната програма ќе ја врши инсепкторатот од Агенцијата за храна и ветеринарство, а контрола над спроведувањето на општите мерки пропишани во програмата ќе врши  општината.

За да се реализираат предвидените активности во програмата општината од буџетот ќе издвои 300.000 денари.

Раководителот на секторот за комунално уредување, сообраќај, екологија и заштита на животната средина Драган Симоновиќ на седницата даде образложение на програмата  и нагласи дека општината со бездомните кучиња ќе се справува согласно законските прописи.

„Пренесената надлежност на ЈП Комуналец опфаќа тие да се организираат во делот на заловување на кучињата скитници или тие на тендер да ја дадат дејноста на некоја овлатена институција што ги исполнува законските услови. До сега не сме ја носеле оваа програма. Во првата година ЈП „Комуналец“ најверојтано ќе ја даде оваа дејност на овластено прифатилиште. За тој период додека се даде надлежноста на друга организација,  Комуналец треба да се опреми со простор каде што ќе се стационираат кучињата и ќе се третираат соодветно. Заловените кучиња ќе се чуваат 24 до 48 часа согласно Закон и ќе се регулира проблемот, да нема кучиња скитници на територијата на општина Кавадарци“ рече Симоновиќ.