Категорија: Образование и наука

Градоначалникот Митко Јанчев информира за реализираните проекти во основните и средните училишта со што се создадени услови за успешен старт на новата учебна година

Градоначалникот Митко Јанчев информира за реализираните проекти во основните и средните училишта со што се создадени услови за успешен старт на новата учебна година

 На почеток сме на учебната 2018/2019 година. Во годината што измина во училиштата во Кавадарци беа реализирани низа проекти кои се од големо значење за образованието.

Завршени проекти во 2018 година во ООУ “Тоде Хаџи –Тефов“

– Се изврши асфалтирање на игралиштето-спортските терени кое беше раскопано од движење на камионите при изградбата на спортската сала.

– Се заменија 24 стари врати со нови ПВЦ врати по училниците.

– Се постави метална ограда на потпорниот зид заради безбедност на учениците и поставување на решетки на прозорците на спортската сала.

– Во тек е реконструкција- изработка на фасадата од западната страна на училиштето во Кавадарци која треба да се заврши до крајот на 2018 год.

– Во тек е постапка (предмер пресметка) за изградба на лабараторија по биологија, хемија и физика која треба да се заврши до крајот на 2018 год.

– Се набави голема ТВ плазма која ке има функција на семафор заедно со лап топ, рутер и програма за работа.

  • Во ООУ“Гоце Делчев“ Кавадарци во процес е реализацијата на проектот за поставување на рампа за лица со инвалидност. Исто така во тек е и реконструкција на wc јазлите во училиштето.
  • Во текот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година во ООУ“Страшо Пинџур“ планирана е доградба на училници.
  • Во ООУ“Димката Ангелов – Габерот“ целосно е променето осветлувањето со штедливи светилки и поставени се 7 рефлектори во дворот на училиштето. Во училниците се поставени 15 нови табли и 15 нови масивни закачалки. Целосно се реконструирани наставничката канцеларија и библиотеката и извршена е корекција на масите и столиците за децата од прво одделение. Во с.Сопот доградена е една училница.За наредната година е предвидено целосно менување на кровот на училиштето и реновирање на тоалетите. Во подрачното училиште, со помош на бизнис секторот ќе се постави ограда.
  • Во ООУ“Димката Ангелов – Габерот“ с.Ваташа е извршено целосно молерисување на долниот кат на училиштето како и бојадисување .Се изврши и отстранување на 13 стари врати ,санација на делот околу нив и се поставија нови. Извршена е и пренамена на работилницата на хаусмајсторот во училница која е комплетно опремена.
  • Една просторија е целосно реконструирана и е адаптирана во нова модерна библиотека, а во секоја училница беа заменети наставничките столчиња со нови(вкупно20), се доуреди и просторијата на техничиот персонал(во која беше извршено молерисување и поставување на нов ламинатен под).
  • Поставена е и заштитна мрежа на спортското игралиште,како и негово обележување ,исто така предниот дел на училишниот двор е комплетно хортикултурно уреден.
  • Во ООУ“Тошо Велков Пепето“ осветлени се критичните места во училишниот двор и непосредната околина со рефлектори, комплетно се реновирани санитарните јазли за учениците во продолжен престој, комплетно е уреден училишниот двор, комплетно е реновирана училишната библиотека и е пренаменета во медиотека и комплетно е реновирана наставничка канцеларија.
  • Во сите основни училишта е извршена дезинфекција ,дератизација и дезинсекција, со што се создадени оптимални услови за почеток на новата учебна година.
  • Изминатата учебна 2017/2018 година во СОУ Гимназија Добри Даскалов беа пуштени во употреба новите 8 училници и се започна со едносменско работење.
  • За следната учебна 2018/2019 година планирано е реновирање на санитарни јазли, изградба на балон спортска сала и реновирање и осовременување на училишната библиотека.
  • За подобрување на просторните услови во СОУ “Киро Спанџов Брко“ кои би овозможиле едносменско работење , во месец јули започната е реконструкција на пет простории од кои три училници и два кабинети со површина од 270 m2. Реконструкцијата се однесува на промена на дрвен патос со бетонска плоча и поставување на ПВЦ под, подготвителни работи со малтер и гипскартон, премачкување на ѕидовите со абрихт и промена на 15 прозори и врати со ПВЦ столарија. Реконструкцијата е во тек и би требало да се завши на почетокот на септември.
  • Во СОЗШУ “Ѓорче Петров“ на самиот влез направена е градежна хортикултурна интервенција со уредување на просторот од левата и десната страна со соодветно озеленување.
  • Извршена е промена со вградување на камена подлога на дел од зидот на дворот каде се поставени нови клупи за седење кои се изработени и монтирани од ученици и професори од самото училиште.
  • Споменикот на патронот на училиштето, кој стои непосредно пред влезот на училиштето доби достоинствен изглед со вградувањето на украсни плочки на неговиот постамент, кој воедно е и убава жардинерија.
  • Во најава е целосна реконструкција на санитарниот јазол во училиштето и поставување на термо излолациона еколошка фасада како и нов покрив на училишната зграда за трајна заштита на објектот.
  • И во сите средни училишта е извршена дезинфекција ,дератизација и дезинсекција, со што се создадени оптимални услови за почеток на новата учебна година.
  • Сите овие реализирани проекти и предвидените за учебната 2018/2019 година создаваат подобри услови во образованието. Денес е првиот училишен ден од оваа учебна година. На првачињата им посакувам успешно влегување во образовниот процес и стекнување со желба за учење на нови работи и многу знаење. На сите ученици им посакувам уште поголем успех од претходните години и Општина Кавадарци да биде горда на талентирани ученици кои се најголемото наше богатсво и од кои зависи нашата иднина.

 

Среќна учебна година драга наши ученици.

Свечено отворена новата градинка “Буба Мара“ во Кавадарци

Свечено отворена новата градинка “Буба Мара“ во Кавадарци

Свечено отворање на новиот објект “Буба Мара“ со капацитет за 75 дечиња. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, Министерката г-ѓа Мила Цароска и директорката г-ѓа Цана Добринова свечено го пуштија во употреба новиот објект кој е само почеток на решавање на проблемот со кој се соочува Општина Кавадарци за сместување во детските градинки. Во тек се и други проекти за сместување на 250 деца, проекти кои по нивното реализирање значително ќе го намалат овој проблем.

ПОДГОТОВКА НА ДВОРОТ НА НОВАТА ГРАДИНКА  ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

ПОДГОТОВКА НА ДВОРОТ НА НОВАТА ГРАДИНКА ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

Изградбата на новата детска градинка продолжува. Во работа беше воведена оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци која треба да изврши партерно уредување на дворот од  новата градинката.

Согласно проектот треба да се изврши поставување на павер елементи на поголемиот дел од дворната површина, а на останатиот  простор од  дворот ќе биде извршено хортикултурно уредување.

Овој нов објект на детската градинка „Рада Поцева“ треба да згрижи околу 100 деца од предучилишна возраст. По нејзиното предавање во употреба општината очекува да се ублажи сегашниот недостиг од места во детската градинка.

Но крајната цел на општината е, во Кавадарци да се изгради нов објкет за згрижување на поголем број деца со што би се решил проблемот на недостиг на места во детската градинак.

Градоначалникот и Општината сериозно работат на проектот нов современ објект на детската градинка.

ПОСТАВЕНА ОГРАДАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА

ПОСТАВЕНА ОГРАДАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА

Оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци ги изведува завршните работи на поставувањето на металната ограда околу објектот на новата градинка во кругот на старат болница.

Со оградувањето завршува уште еден дел од проектот нов одбјект на детска градинка во кој треба да бидат сместени околу 100 деца од предшколска возраст.

Оваа фаза од проектот во делот на финансиите чини 430.000 денари.

2 ФАЗА ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ЗГРАДАТА ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

2 ФАЗА ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ЗГРАДАТА ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Согласно програмата за комунална изградба општина Кавадарци го реализира проектот за реконструкција на старата зграда на подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во селото Марена.

Во тек се работите од втората фаза со која се опфатени поставување на термо изолациона фасада, како и целосна замена на дрвената столарија со енергетски ефикасни ПВЦ врати и прозорци.

Во училиштето во село Марена  учат вкупно 35 ученици од прво до петто одделение  поделени во 5 паралелки.

По завршувањето на градежните работи општината во многу ќе ги подобри условите за редовно и непречено одвивање на наставата и воспитно образовниот процес.

За оваа намена локалната самоуправа инвестира вкупно 1.085.000 денари, пари од оперативниот буџет.

Претходно општина Кавадарци во првата фаза од реновирањето во целост го обнови покривот, а беа изведени и работи на санација на училниците и ентериерот во дотраената и стара училишна зграда.