Категорија: Додатни информации

АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

Општина Кавадарци го заокружува проектот за обновување и урбанизирање на атлетската патека на спортскиот центар „Јасмин“.

Оперативата на ангажираниот носител на јавната набавка на однапред подготвената подлога поставува асфалт на вкупна површина од 3.150м2, со дебелина од 5 цм.

Покрај асфалтирањето на атлетската патека, проектот опфати  нејзино проширување на делницата од 100 метри, како и ревитализација на јавното осветлување.

Со овој проект општината создава услови за по оптимално користење на спортскиот центар, пред се од големиот број рекреативци, а воедно овозможува и услови на основните и средните училишта за користење на патеката за изведување часови по физичко воспитување, како и за организирање на атлетски натпревари од понизок ранг.

ОБНОВЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

ОБНОВЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

Деновиве непречено се одвиваат градежните работи за ревитализација на дел од Спортскиот центар „Јасмин“. Паралелно со градежните работи се врши реконструкција на постојното јавно осветлување за да се подобри видливоста во ноќните часови. На постојните 14 канделабри ќе се постават нови ЛЕД светилки „дво-крака конзола“ со што ќе се подобри осветлувањето.

Поради проширување на атлетската патека на западната страна од теренот се изврши поместување на 4 канделабри за 70 сантиметри кон оградата.

Инаку согласно проектот ќе се изврши ревитализација и подобрување на подземната електрична мрежа, а ќе се постават изводи и за приклучување на дополнителни рефлектори.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИВИЧНИЦИ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИВИЧНИЦИ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА

Градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на обновување на атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“. Патеката од внатрешната и надворешната страна ќе биде обградена со нови ивичници во вкупна должина од 845 метри. Во тек е поставувањето на ивичниците кои треба да ја оформат новата контура на атлетската патека. Воедно на западната страна ќе се изврши проширување на патеката и нејзино продолжување кон север за да се оформи патека за трка на 100 метри.

Според проектот постојната земјена подлога ќе биде заменета со асфалт на вкупна површина од 3.150м2.

Инаку Општина Кавадарци во наредниот период планира нови проекти со кои ќе се подобрат условите за рекреација и одмор на најомиленото и најпосетено место од граѓаните рекреативци.

Свечено отворена новата градинка “Буба Мара“ во Кавадарци

Свечено отворена новата градинка “Буба Мара“ во Кавадарци

Свечено отворање на новиот објект “Буба Мара“ со капацитет за 75 дечиња. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, Министерката г-ѓа Мила Цароска и директорката г-ѓа Цана Добринова свечено го пуштија во употреба новиот објект кој е само почеток на решавање на проблемот со кој се соочува Општина Кавадарци за сместување во детските градинки. Во тек се и други проекти за сместување на 250 деца, проекти кои по нивното реализирање значително ќе го намалат овој проблем.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА АМБУЛАНТИТЕ ВО СЕЛАТА ДРЕНОВО, ВОЗАРЦИ И СОПОТ

РАБОТНО ВРЕМЕ НА АМБУЛАНТИТЕ ВО СЕЛАТА ДРЕНОВО, ВОЗАРЦИ И СОПОТ

Општина Кавадарци во договор со ЈЗУ Здравствен дом – Кавадарци и ПЗУ „Виталиа – Медикус“ Кавадарци, ги информираат жителите на селата: Дреново, Возарци и Сопот за работното време на амбулантите како би можеле да извршат здравствена заштита.

 

Се објавува следниот начин на работа на амбулантите во селата:

Дреново

– вторник од 08 до 10 часот

– среда од 08 до 10 часот

– петок од 08 до 10 часот

Возарци

– понеделник од 12:30 до 14:30 часот

– вторник од 12:30 до 14:30 часот

– петок од 12:30 до 14:30 часот

Сопот

– секој ден од 09 до 11 часот (освен четврток)

– четврток од 13 до 15 часот.