Категорија: Додатни информации

ОПШТИНАТА ДОНИРАШЕ НОВИ 5 ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ

Општина Кавадарци и годинава од буџетот издвои финансии за набавка на 5 нови автоматизирани колички за лица со попреченост. Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев им ги предадоа  количките во сопственост на идните корисници.

Петмина кавадарчани кои се соочуваат со физички хендикеп ќе можат полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности.

Вредноста на автоматизираните колички е 375.000 денари. Истите се обезбедени во претходна соработка и препорака на  Здружнието „Мобилност“ кое ги има сите податоци за лица со хендикеп.

Градоначалникот Митко Јанчев при предавањето на донацијата нагласи дека општината активно работи и за олеснување на секојдневниот живот на лицата со инвалидитет.

Претседателот на здружението „Мобилност“ од Кавадарци, Михајло Михаилов се заблагодари за донацијата како и за перманентните напори на општината за подобрување на условите за движење во градот на ова категорија наши сограѓани.

Од името на здружението „Мобилност“ Михаилов на градоначалникот Јанчев му предаде благодарница.

ПОДГОТОВКА НА ДВОРОТ НА НОВАТА ГРАДИНКА  ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

ПОДГОТОВКА НА ДВОРОТ НА НОВАТА ГРАДИНКА ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

Изградбата на новата детска градинка продолжува. Во работа беше воведена оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци која треба да изврши партерно уредување на дворот од  новата градинката.

Согласно проектот треба да се изврши поставување на павер елементи на поголемиот дел од дворната површина, а на останатиот  простор од  дворот ќе биде извршено хортикултурно уредување.

Овој нов објект на детската градинка „Рада Поцева“ треба да згрижи околу 100 деца од предучилишна возраст. По нејзиното предавање во употреба општината очекува да се ублажи сегашниот недостиг од места во детската градинка.

Но крајната цел на општината е, во Кавадарци да се изгради нов објкет за згрижување на поголем број деца со што би се решил проблемот на недостиг на места во детската градинак.

Градоначалникот и Општината сериозно работат на проектот нов современ објект на детската градинка.

ПОСТАВЕНА ОГРАДАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА

ПОСТАВЕНА ОГРАДАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА

Оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци ги изведува завршните работи на поставувањето на металната ограда околу објектот на новата градинка во кругот на старат болница.

Со оградувањето завршува уште еден дел од проектот нов одбјект на детска градинка во кој треба да бидат сместени околу 100 деца од предшколска возраст.

Оваа фаза од проектот во делот на финансиите чини 430.000 денари.

2 ФАЗА ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ЗГРАДАТА ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

2 ФАЗА ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ЗГРАДАТА ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Согласно програмата за комунална изградба општина Кавадарци го реализира проектот за реконструкција на старата зграда на подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во селото Марена.

Во тек се работите од втората фаза со која се опфатени поставување на термо изолациона фасада, како и целосна замена на дрвената столарија со енергетски ефикасни ПВЦ врати и прозорци.

Во училиштето во село Марена  учат вкупно 35 ученици од прво до петто одделение  поделени во 5 паралелки.

По завршувањето на градежните работи општината во многу ќе ги подобри условите за редовно и непречено одвивање на наставата и воспитно образовниот процес.

За оваа намена локалната самоуправа инвестира вкупно 1.085.000 денари, пари од оперативниот буџет.

Претходно општина Кавадарци во првата фаза од реновирањето во целост го обнови покривот, а беа изведени и работи на санација на училниците и ентериерот во дотраената и стара училишна зграда.

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2017 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2017 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на прграми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци” бр.13/2014) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува ЈАВЕН ПОВИК бр.1/201за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Јавен повик