Категорија: Верски заедници

ОПШТИНАТА ПОМАГА И ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ

ОПШТИНАТА ПОМАГА И ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Општината под раководство на градоначалникот Александар Панов во склад со своите можности и овластувања активно помага и во одвивањето на Духовниот живот во градот и општината.

Согласно изборната програма 2009-2013 година беше предложен проект за изградба на нова соборна црква, како придонес на локалната самоуправа во збогатување на црковниот живот.

Општината во соработка со МПЦ, бизнис заедницата и граѓаните Донираа сретства со кои се изгради Соборната црква Света преподобна Параскева– Св.„Петка“.

Овој нов храм е дело  на архитект Трајче Грков, го ѕидаа македонски нејмари каменорезци од тајфата на мајсторот Ристо Грозданоски од Мала Преспа, додека фрескоживописот кој сеуште е во фаза на живописување е дело на авторот Павел Апостоловски. Локацијата ја обезбеди Општината, а парите во најголем дел се донација од ФЕНИ Индустри, Кожувчанка, Градба Промет и останатиот бизбнис сектор од Кавадарци, како и од граѓаните.

Денсека црквата која плени со својата убавина е средиште на духовниот живот на православните христијани. Општина Кавадарци има донирано и сретства за реконструкција и зачувување на останатите цркви и манастири во општината. Во соработка со надлежните институции општина Кавадарци помогна во реконструкции на Полошкиот, Моклишкиот и Бошавскиот манатсир.

Општината донираше и во зафати на покриви, поплочување, пристапи и други зафати на црквите во селата: Марена, Сопот, Возарци, Бегниште, Мрежичко, Клиново, Драгожел. Општината помогна и во изградбата на новата црква во селото Брушани, а донираше и помала помош во други верски објекти во руралниот дел.

Во неколку наврати Општина Кавадарци има донирано и за обновување на џамијата во Кавадарци, како и во обезбедување на инфраструктура и пристапни патекиод бекатон до муслиманските гробишта на „Тепето“.

1. фото 1 соборна црква Св Петка              OLYMPUS DIGITAL CAMERA  ??????????

СВЕТИ ТРИФУН 2017

СВЕТИ ТРИФУН 2017

Со благослов за родна година и квалитетно грозје денеска се изврши симболично закројување на виновата лоза. Во храмот Свети Димитрија и годинава се закроиа трите црковни лози, а рачките им беа дарувани на присутните лозари православни верници кои потоа истите ги носат на своите лозови насади. На светиот чин на закројувањето претходеше света божествена литургија во црквата Св.Петка со која чиноначалствуваа тројца владици од МПЦ, Агатангел, Иларион и Тимотеј. Тие упатија молитви лозјата да дадат квалитетен род.

„Заеднички со народот присутен во црквата се помоливме да нашиот спасител Исус Христос, по молитвите на Свети Трифун да имеме бериќетна година. Навреме да има дожд, сонце, лозјата да бидат здрави и плодни. Како што велат нашите дедовци и прадедовци бочвите да бидат полни“ рече Митрополитот на Повардарската Епархија, г. Агатангел.

Честитка до лозарите упати и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. „Оваа година да биде подобра од минатата односно од сите лоши години кои поминале. Нашите молитви да ни ги сослуша господ и да ни даде една благосостојба во лозарството и винарството и винариите навреме да го исплаќаат откупениот род“

Во чест на Свети Трифун се закројуваше и на градскиот плоштад во Кавадарци. Таму на импровизирани лози закроија градоначалникот Панов, претседателката на советот Горица Пеливанова-Вилхелм и пратеничката д-р Весна Пемова. Ученици од СОЗШУ „Ѓорече Петров“ изведоа драматургија посветена на Свети Трифун.

Лозарите уште во утринските часови ги посетија своите насади за да го извршат овој обред кој со векови се негува во Тиквешијата на празникот Свети Трифун.

 

БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ НА 19 ЈАНУАРИ ОД МОСТОТ КАЈ ЈАВОРОТ

БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ НА 19 ЈАНУАРИ ОД МОСТОТ КАЈ ЈАВОРОТ

Павославните христијани го празнуваат овој голем празник. Во сите храмови се служеа литргии, а во водите се потопуваше осветен крст. Дваесет и пет годишниот Никола Мантев од Кавадарци беше најсреќен меѓу десетината момчиња кои скокнаа по светиот крст во водата на реката Луда Мара во Кавадарци.  Голем број верници присуствуваа на  централната манифестација по повод големиот празник Богојавление Водици. И покрај снегот сепак верниците во голем број излегоа на богојавленскиот водосвет.

„Водата беше ладна но сепак среќен сум што успеав да го фатам светиот крст. Очекувам здравје, среќа и радост, рече во изјавата за медиумите Мантев. Тој од локалната самоуправа доби тв приемник Подароците ги врачи градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов. Тој упати честитки до сите верници по повод празникот Богојавление., од аптеки Зегин исто такабеше доделен  тв приемник.

На чинот на осветување на водата во реката Луда Мара и потопување на светиот крст претходеше света литургија во храмот Свети Димитрија и во Света Петка.  Потоа верниците од двете цркви со литии се упатија кон кејот на реката. Овде, на пунктот на Црвен Крст Кавадарци на присутните верници им се делеше чај, а екипи на итната медицинска помош извршија преглед на момчињата кои скокаа по осветениот крст. Богојавление-Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.  Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огре¬вовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Петнаесет годишниот Јован Гогов ја имаше среќата прв да доплива до светиот крст кој се фрлаше во водите на браната Моклиште.

Повеќе од една деценија богојавлеснки водосвет се врши и на водите од браната Моклиште. Голем број верници од Ваташа и Кавадарци и покрај снегот дојдоа во Моклиште.

По осветувањето на водата, светиот крст беше потопен во делумно замрзнатата акомулација,  а до него прв доплива петнаесет годишниот Јован Гогов од Ваташа. Тој трет пат по ред е најреќниот меѓу момчињата кои учествуваат во богојавленската процесија.

Гогов на сите верници им посака добро здравје, а доби тв приемник од лоаклната самоуправа, уште неколку други подароци обезбедени од спонзори на манифестацијата.

Градоначалникот Александар Панов нагласи дека општината ја подржува и манифестацијата во Моклиште.

На фрлањето на светито крст во Моклиште претходеше и света литургија во црквата Света Богородица во село Ваташа, каде исто така беше осветена вода, а присуствуваа голем број верници.

Градоначалникот Панов упати честитка по повод Рамазан Бајрам 2016 година

Градоначалникот Панов упати честитка по повод Рамазан Бајрам 2016 година

Почитувани,

сограѓани, припадници на муслиманската вероисповест, Без разлика на вашата етничка припадност, дозволете ми Во мое и во името на граѓаните на општината Кавадарци да Ви го честитам Еден од најсветите исламски празници Рамазан-бајрам.

Ви посакувам празникот да го поминете во радост во хуманост и хармонија со семејството, меѓу своите пријатели и соседи,. Овие денови на  празнична радост, кога се јакнат вредностите на толеранција и меѓусебно разбирање, нека бидат денови на  општоприфатените хумани човечки вредности.

Празникот Рамазан Бајрам Ви го честитам со најискрени желби за успех. Посакувам токму во овие денови да ги зацрвстиме нашите вековни принципи на градење на мултиконфесионална Македонија, во која нашите граѓани христијани и муслимани од секогаш знаеле да живеат едни со други, а не само едни покрај други, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и духовен мир, а духовниот мир нека Ви донесе успех во сите полиња и дејности на Вашите животи.

 

Со почит

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    Александар Панов

    градоначалник

Осветени водите на реката Луда Мара во Кавадарци и с.Ваташа

Осветени водите на реката Луда Мара во Кавадарци и с.Ваташа

Централната манифестација по повод големиот празник Богојавление Водици во организација на МПЦ-ОА во Кавадарци по семи пат се одржа намосто кај Јаворот. По шест обиди во изминатите години,  седмо скокање по светиот крст беше среќно за шеснаесет годишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци. Тој усепа да го извади светиот крст од водата на реката Луда Мара.

„Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече во изјавата за медиумите Стефан Ѓорѓиев“ .

Ѓорѓиев од локалната самоуправа доби ЛЕД тв приемник, а сите кои скокаа по крстот добија бањарки подарок од општината Кавадарци

Подароците им ги врачи секретарот на општина Кавадарци Ќире Делов кој упати честитки до сите верници по повод празникот Богојавление. „Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе“ рече Делов.

На чинот на осветување на водата во реката Луда Мара и потопување на светиот крст претходеше света литургија во храмот Свети Димитрија, а за прв пат годинава и во новоизградената црква „Света Преподобна Параскева-Петка“. Потоа верниците од двете цркви со литии се упатија кон кејот на реката каде присуствуваа голем број верници.

Богојавление-Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.  Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

 

Голем број верници годинава присуствуваа на богојавленскиот водосвет на водата во брана Моклиште кај Ваташа. Осум момчиња скокнаа по осветениот крст, а меѓу нив најсреќен прв да доплива беше четиринаесет годишниот Јован Гогов. Тој и минатата година ја имаше истата среќа. Им посака здравје и среќа на сите граѓани. „Радосен сум што и годинава успеав да го фатам светиот крст. Ова ми е второ фрлање по крстот и ме послужи среќа. Посакувам здравје и среќа на сите“ рече Гогов.

Од локалната самоуправа Кавадарци за подарок доби телевизор, а подароци доби и од други спонзори на манифестацијата.

Организаторот одлучи награда, рачен часовник да му додели и на Ѓоке Стојанов кој беше втор во пливањето по светиот крст.

Света лутургија претходеше на чинот на потпоување на богојавленскиот крст и во црквата “Св Богородица“ во Ваташа.