Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ИЗГРАДЕН ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

ИЗГРАДЕН ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

Оперативата на фирмата „АС машини“ го реализираше проектот за изградба на дел од тротоарот на улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „Киро Спанџов“ во правец на спојот со улицата „Слога“.

На овој дел се поставиа бехатон плочки на површина од 300м2, за што општината инвестира сума од 260.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комунална изградба.

Реализацијата на проектот тротоар е на барање на жителите од овој дел на градот.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

Во Ваташа е во тек реализација на комунален проект за поплочување на крак од улицата „Боро Ваташки“. Оперативата на фирмата „АС машини“ ги изведува подготвителните земјени работи на теренот на просторот меѓу црквата и блиската зграда.

Се поставуваат и рабници со кои ќе се оформи површината на која ќе бидат поставени павер елементи.

Проектот е на барање на жителите од селото Ваташа кои гравитираат кон оваа улица.

Асфалтирање на ул.“Тоде Мајсторчев“

Асфалтирање на ул.“Тоде Мајсторчев“

Кампањата за ревитализација на градските улици продолжува со асфалтирање на ул.“Тоде Мајсторчев“. Согласно програмата, оператива на фирмата изведувач започна со отстранување на стариот асфалт, тампонирање и  асфалтирање на површина од 685 квадрати.

Пробивање на споредна улица на ул.“Илинденска“

Пробивање на споредна улица на ул.“Илинденска“

Општината Кавадарци продолжува со интензивната комунална изградба. Денес се изврши пробивање на споредна улица на ул.“Илинденска“ со комплетна инфраструктура, вода, фекална и атмосферска канализација со квадратура од 330 квадрати.