Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ  КАВАДАРЦИ – с. ДРЕНОВО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ КАВАДАРЦИ – с. ДРЕНОВО

Општината Кавадарци преку проектот за Рурален развој финансиран Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија, обезбеди асфалтирање на делница од локалниот пат Кавадарци-Дреново. Станува збор за ревитализација на потег од овој пат во должина од 1 100 метри. Согласно проектот оперативата на фирмата „Урбан инвест“ изврши градежни работи за ревитализација, на патот од 5,5 метри. Во оваа основа се проектирани две коловозни ленти секоја со широчина од 2 метри, како и банкини од двете страни на патот со единечна широчина од 75 сантиметри. Покрај тоа од двете страни на патот се обезбедени и испусти и одводи.

Во оваа фаза реконструкцијата се ондесува на потегот од спојот на локалниот пат за Дреново со регионалниот пат Кавадарци-Прилеп. Трасата се движи по старото прилепско џаде, се до спојот со угорницата кон селото Дреново. На оваа делница ќе се постави асфалтна подлога со дебелина од 7 сантиметри на вкупна површина од 4150м2. Финансиската конструкција изнесува 3.532.370 денари кои се добиени Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија. Проектот го аплицира Општина Кавадарци преку Секторот за Локален економски развој.

Градоначалникот Александар Панов изврши увид во работите при асфалтирањето. Панов е задоволен одквалитетот. Притоа за јавноста изнесе и дополнителни податоци за проектот што општината го работи со договорите за заем и за ИПА грант од Европската Комисија. „Ова е продолжениена проектот со кој најпрвин извршивме реконструкцијана најоштетениот дел од асфалтот на улицата „Страшо Пинџур“ пред селото Ваташа. Сега сме на местото каде се работи на ревитализација на делница од локалниот пат кон селото Дреново. Деновиве ќе асфалтираме и на ревитализацијата на делница од локалниот пат Возарци-Брана ХЕЦ Тиквеш во должина од 1450 мести. Од овој проект ќе интервенираме и на улици вонеколку кавадаречки села. За сите нив од Европската Комисија добивме грант до 260.000 евра“. Рече Панов.

Градоначалникот потсети дека претходно Општината од оперативниот буџет изврши реконструкција на делницата од селото Дреново до спојот со старото прилепско џаде со што сега локалниот пат кон Дреново е целосно со обновен асфалт.

Паралелно со ова општинатаво изминатиот месец во селото Дреново финансираше поплочување на две селски улици. Едната соповршина од 305м2, за што се инвестираа 326.260 денари и втората улица со површинаод 340м2 за што се поптрошија 374.760 денари. Парите се обезбедени од буџетотот на општината.

Со овие два зафати Општина Кавадарци привршува со заокружување на проектот комунална изградба во село Дреново. Имено во изминатите осум години од мандатот на градоначалникот Александар Панов во инфраструктурата на селото се инвестирани  повеќе милони денари со што  се са флтираа или поплочија безмалку сите улици во селото. Се интервенираше на училиштето, се ревитализираше центарот на селото со изградба на плоштад, се изгради детски забавен парк, а се инвестираа и сретства во повеќе други сегменто со што во многу се подобри и сеподигна стандардот на живеење во ова село.

КАВАДРАЦИ ДОБИ СООБРАЌАЈНИЦА КОЈА ЌЕ ГО РАСТОВАРИ  СВЕРНИОТ ВЛЕЗ ВО ГРАДОТ

КАВАДРАЦИ ДОБИ СООБРАЌАЈНИЦА КОЈА ЌЕ ГО РАСТОВАРИ СВЕРНИОТ ВЛЕЗ ВО ГРАДОТ

Скромно во присуство на градоначалникот Александар Панов во име на инвеститорот-Локалната самоуправа, претставници на изведувачот и компании кои учествуваа во проектирањето, изведбата, беше промовирана ревитализираната сообраќајница на Западен Булевар, на влезот во Кавадарци од правецот на Росоман. Новата сообраќајница е изградена согласно сите прописи и стандарди во должина од 440 метри. Широка е 16 метри со булеварско решение, има четири коловозни ленти во двата правци, тротоари на двете страни, осветлена со 16 канделабри и други пропратни сообраќајни елементи. Инвестирот е општина Кавадарци, а изведувач на работите беше фирмата „Ми Комерц“ Кавадарци. За овој проект од општинскиот буџет беа потрошени нешто над 13 милоини денари.

На промоцијата за јавноста градоначалникот Панов уште еднаш ги посочи причините задоцнењето на реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект. Притоа потсети дека експропријацијата беше главната приичина за доцненето од две години. „Но сега кога тоа го надминавме можеме пред граѓаните да ја претставиме новата соврмена сообраќајница и да ја дадеме на користењеа“ посочи Панов и продолжи „Затоа поучени од ова негативно искуство паралено со изградбата на улицата се зафативме со надминување на истиот проблем во наредните 700 метри. Изјавувам дека ни останаа уште две спорни експропријации кои се во судот од каде очекуваме позитивно решение согласно важечките закони. После надминувањето на тој проблем, создаваме оптинмални услови за продолжување на ревитрализацијата на северниот влез со исто решение за наредните 700 метри. Но со оглед на висината на исзносот за градба релно е тоа да се реализира во две фази од по 350 метри во наредните две години. Во наредниот период во етапи ќе се продолжи со доизградба на ова делница до фабриката Дрекслмајер “ рече градоначалникот Панов.

Обновување на оштететни сообраќајни знаци

Обновување на оштететни сообраќајни знаци

Општината согласно програмата за одржување и обновување на вертикалната патна сигнализација низ улиците и локалните патишта деновиве врши нивна замена и обновување.

Согласно тендерската постапка набавени се  вкупно 44 знаци, 4 огледала и 26 столбови. Исто така општината набави и две средства за смирување на сообраќајот. Станува зборз за модифицирана верзијана поранешните легнати прешки попознати како „лежечки полицајци“. Овие пречки ќе бидат поставени на фрекфентни улици каде неодговорните возачи редовно ја пречекоруваат максималната дозволена брзина. Со нивно поставување ќе се подобри безбедноста на сообраќајот пред се на пешаците.

Вкупниот износ на оваа набавка е 180.000 денари со ДДВ, а изведувач на работите е фирмата „Бојта инг Скопје“.

Знаците  деновиве се поставуваа на локалниот пат Кавадарци-Ресава-Бегниште 8 знаци, а останатите беа распоредени по улиците низ Кавадарци.

НОВ АСФАЛТ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР- КАПЕЛА-СТАРА БЕНЗИНСКА

НОВ АСФАЛТ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР- КАПЕЛА-СТАРА БЕНЗИНСКА

Оперативата на Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ веќе трет ден работи на подготовкаа и поставување на нов слој асфалтна подлога на делница од „Западен булевар“ односно на западниот влез во Кавадарци, од правецот на Прилеп. Една од нај фрекфентните, но и нај оштетените улици во градот, Западниот булевар, особено потегот од влезот на винаријата „Тиквеш“ до градската капела ќе добие сосема нова асфалтна обвивка. Деновиве интензивно се работи на целосна обнова на горниот слој асфалтна површина од 4.500 м2.

„Со овој зафат се заокружува целосната обнова на западниот влез во градот. Претходно во два наврати завршивме целосно асфалтирање од Југокомерц до Градската капела со што во целост е ревитализиран најоштетениот асфалт на делницата од Југокомерц до главната капија на Винарската визба „Тиквеш“ вели градоначалникот Панов кој изврши увид во асфалтирањето.

Планирано е работите да завршат во наредните два дена, со што влезот во Кавадарци од правец на Прилеп ќе се одвива по целосно обновена асфалтна подлога, на задоволство на сите учесници во сообраќајот.

НАСКОРО ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

НАСКОРО ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

Реализација на третата фаза за изградба на кејот на реката Луда Мара е новиот проект на кој ќе се работи во Општина Кавадарци.  Локалната самоуправа претставувана од градоначалникот Александар Панов потпиша договор  со Центарот за развој на Вардарски плански регион претставуван од раководителот Марко Колев. Вредноста на проектото изнесува околу 15 милиони денари, а кавадарчани ќе добијат уште неколку стотина метри регулирано речно корито и урбанизиран градски кеј.

После потпишувањето на договорот градоначалникот Александар Панов изјави „Како единствен апликант од Варадарскиот регион беше Општина Кавадарци. Врз основа на тоа беше решено ние да добиеме финансии од Бирото за регионален развој за довршување на кејот до „Брушанскиот мост“. Тоа ќе биде третата и последна фаза во овој период. Над 5 милиони денари се пари од оперативниот буџет на локалната самоуправа, а над 9 милиони пари од Бирото за регионален развој“.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев за извонредна ја оцени соработката со општина Кавадарци и најави нови проекти за во следниот период. „Добрата соработка резултираше со неколку инфраструктурни проекти кои ги имплементиравме на територијата на општина Кавадарци. Вкупниот буџет за овој проект е 15 милиони денари. Со овој проект ќе бидат опфатени 355 метри од кејот на реката Луда Мара. Ќе се постави урбана опрема и осветлување. Во проектот се предвидени и два пешачки моста кои ќе бидат изградени“ информираше Колев.

Советот на Вардарски плански регион ја одржа редовната седница во Кавадарци. Градоначалниците од овој регион имаа шест точки на дневен ред.