Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

Градежни активности

Градежни активности

Поволните временски услови кои владее во изминатите неколку денови овозможија да се изведуваат градежни работи на неколку позиции во градот, а во рамките на комуналната изградба која ја спроведува општина Кавадарци.

Деновиве интензивно се работеше на две локации. Оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ е ангажирана на редење павер елементи на тротоарот од левата страна на Булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардељ“

Таму се поставуваат бекатон коцки во должина од 150 метри, а вкупната инвестиција на овој зафат е 700.000 денари. Со оваа активност општината реконструира значаен дел од тротоарот кој е исклучително фрекфентен ,а води директно кон седиштетео на УЈП, како и комплекс на станбени згради каде има висока концентрација на население.

Втората позиција каде интензивно се работеше е улицата „Крали Марко“. Овде градежната оиператива на фирмата „Уни-коп градба“ од Неготино извршува работи на прередување на градиотните коцки во должина од 100 мети. Вкупната финансијскат конструкција на оваа улица е 500.000 денари.

Парите се од Буџетото на општината во делот на комуналната изградба.

Поплочување Поплочување Поплочување

 

Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кавадарци

Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кавадарци

Со оваа програма се утврдуваат видовите на урбаната опрема, локации за поставување на урбаната опрема и начинот и условите за нивно поставување. Урбаната опрема се поставува на утврдени локации согласно графичкиот прилог кој е составен дел од оваа програма.

 

Програма за поставување на урбана опрема
Програма за изменување и дополнување
Свечено предаден во употреба патот  Ресава – Бегниште

Свечено предаден во употреба патот Ресава – Бегниште

Свечено беше предаден во употреба патот кој и тоа како го олеснува движењето и ги спојува селата Ресава и Бегниште. Според градоначалникот Александар Панов решен е деценискиот проблем кој пак сега ќе има приоритет да го зголеми и економскиот развој со искористување на потенцијалите на ресавско-бегнишкото виногорие, како и ресусрсите на Тиквешкото Езеро.

Оваа инвестицвија со која се асфалтирани 4,4 километри во должина, а патот е проширен од 3,5 на 5,5 метри, чини 37,5 милиони денари.

Директорот на ЈП државни патишта Љупчо Ѓеоргиевски потенцира дека од 2010 година до денес изградени се 688 километри локални патишта.

Присутна на свеченото пуштање на патот Ресава Бегниште беше и министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска. Покрај брзата и олесната комуникација ова ќе значи и економски развој смета Милеска.

Претседателот на Советот на општината м-р Горица Пеливанова Вилхелм, неколку советници и граѓани од околните села итсто така беа присутни на свеченото пуштање во употреба на патот Ресава Бегниште.

Интензивно се гради првиот модуларен паркинг во Кавадарци

Интензивно се гради првиот модуларен паркинг во Кавадарци

Деновиве  во тек е изградбата на првиот модуларен паркинг во Кавадарци, инвестиција на општината. За  изградба на паркингор на улицата „1 Мај“ веднаш под Хотел „Балкан“ се вложени средства од Буџетот на општината програма за комунална изградба. Истиот ќе се протега на површина од 1 100 м2 распоредени ва две нивоа, приземје и кат поставени на челични, метални и бетонски елементи  кои се вградуваат во паркингот. Изведувач не работите е фирмата „Масон Инжинеринг“ од Скопје која е повеќегодишен деловен партнер на италијанскиот производител од Болоња.

„Инвестуицијата е наша, кавадаречка, сите средства се од Буџетот на општина Кавадарци и изнесува 30 милиини денари. Со изградбата на овој паркинг во голема мерка ќе се намалат проблемите со паркинг просторот во централното градско подрачје. Со ова Кавадарци всушност го започнува процесот на решавање на непрописното паркирање.  Откако ќе стартува зонското платрено паркирање, ќе се воведе јавно-приватно партнерство во ова важна свера од градското урбано живеење ипосле што граѓаните мора да се навикнуваат и да плаќаат паркирање ако сакаат да престојуваат во центарот на градот со својот автомобил“ вели градоначалникот Александар Панов

Ѓуро Чубриновски од „Масон Инжинеринг“ потврдува дека ова е најнов брзоизведлив паркинг, од модуларен тип, опремата и елементите се од врвен светски кавлитет, применлив е во многу земји од ЕУ. После паркинзите од ваков тип во Скопје, Кавадарци е првиот град од внатрешноста на Македонија кој на овој современ, евтин и практичен начин ќе се справува со проблот на паркирањето. Една од предностите на модуларните паркинзи е што тие се лесно градлкиви, мобилни и во секој момент можат да се постават на било која соодветнма локација. Кавадаречкиот модуларен паркинг има можност да се надградува и на довеќе нивоа, а дел од неговата површибна да се приспособи и за друга јавна намена.

Се очекува паркингот да биде предаден во употреба кон средината на идниот месец, а веќе во септември за време на „Тиквешкиот гроздобер“ во целост да ја исполни својата намена.

modularen_parking_2
modularen_parking_1
modularen_parking_5