Категорија: Разно

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Вработените од организационата единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените  и исушенте гранки од дрворедот на улицата „7 Септември“.

Беа третирани дрвјата на тротоарот од страната на „Паркот на Револуцијата“ и тоа на потегот од спојот со улицата „ 1-ви Мај“ до спојот со улицата „Браќа Џунови“. Во акцијата помогна и фирмата „ЕЛ-БОХ“ која обезбеди специјализирано возило корпа.

По извршеното кастрење овој дел од троторат е побезбеден за пешаците.

Финишира комуналната изградба за 2017 година

Финишира комуналната изградба за 2017 година

Општина  Кавадарци финишира со реализацијата на неколку проекти од Програмата за комунална изградба во 2017 година

Оперативата на фирмата „Жикол“ од Струмица, денеска работеше на поставување бекатон коцки на источниот влез во селото Брушани. Со овој проект се поплочува улица со површина од 650 м2, на потегот од спојот со асвалтот на локалниот пат Кавадарци-с.Брушани кон новоизградената црква во селото. За оваа намена беа потрошени 762.700 денари од оперативниот буџет

Оперативата на истата фирма деновиве  го заврши поплочувањето на улица во селто Ресав. од правецот на Село Дабниште кон центарот на Ресава. Се работи за поставување на павер елементи, на вкупна површина од  160 м2. Во овој проект општината инвестираше вкупно 188.000 денари.

На улицата „Народен фронт“ каде претходно се работеше на подготвување на подлогата, деновиве беше извршено поставување на павер елементи на тротоарите од двете страни на улицата.

Фирмата „Инвест груп“ од Неготино постави бекатон коцки на вкупна површина од 1 000м2. За оваа намена се потрошени 800.000 денари, обезбедени од сметката на буџетото за комунална изградба.

Општината со овој зафат овозможи по безбедно и непречено движење на пешаците на оваа фрекфентна улица.

Преку овие проекти Општина Кавадарци директно придонесува во подобрувањето на инфраструктурата во овие две села,како и во градот со што се подигаат стандардите на  живеење на граѓаните.

ПОСТАВЕНИ 23 МЕТАЛНИ СТОЛБОВИ НА ТРОТОАРОТ  ПРЕД СТАРАТА СТОКОВНА

ПОСТАВЕНИ 23 МЕТАЛНИ СТОЛБОВИ НА ТРОТОАРОТ ПРЕД СТАРАТА СТОКОВНА

Во активностите за решавање на проблемот со непрописното паркирање Општина Кавадарци постави метални столбови како физичка пречка на торотоарот пред објектот на поранешната „Стоковна куќа“.

Станува збор за 23 метални столбови со висина од 80 сантиметри кои се поставени на растојание од 1,7м, во вкупна должина од 40 метри. Со овие столбови се обезбеди пешачката патека која пред нивното поставување служеше за непрописно косо паркирање на возила.

Општината со овој зафат обезбеди значително подобрување на сообраќајот на низ главната сообраќајница ул„Илинденска“ од спојот со ул „Тиквешко востание“ до семафорот на делот од крстосницата со ул„Мито Хаџи-Василев“.

На овој простор сега има безбедно движење на пешаците, а сообраќајот по „Илинденска“ доби  пголема пропусна моќ. Вакви зафати општината најавува и на останатите сообраќајници.

 

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ  ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

            Општина Кавадарци во склоп на редовната комунална изградба деновиве интензивно работи на реконструкција на делницата од локалниот пат село Возарци-брана ХЕЦ„Тиквеш“. Станува збор за зафат со кој ќе се рконструра дел во должина од 1100 метри на потегот после мостот на Црна Река во правец кон браната.

Оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ согласно проектот на оваа делница работи на коловозна лента од 5,5 метри широчина. Истата беше тампонирана и подготвена за асфалтирање. Деновиве започне поставувањето на асфалтната подлога со дебелина од 7 сантиметри на вкупна површина од 4 600м2. Новата ревитализирана делница од патот ќе има две коловозни ленти секоја со широчина од 2 метри, а од  двете страни се поставени банкини со широчина од по 75 сантиметри.

            За оваа намена Општината ќе потроши 4.000.000 денари. Парите се обезбедени Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија помеѓу Маѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија претставувана од Министерството за фуинансии и Општина Кавадарци,.

            Се очекува работите целосно да завршат деновиве, по што сите кои го користат овој патен правец ќе ги почуствуваат придобивките од неговата ревитализација.

Освен за жителите на викенд населбите, ревитализацијата на овој локален пат ќе има големо значење и во развојот на алтернативниот,, планинскиот и езерскиот туризам во општината.

Обновување на хоризонталната патна сигнализација во Кавадарци

Обновување на хоризонталната патна сигнализација во Кавадарци

Општина Кавадарци деновиве врши обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Согласно тендерската постапка, специјализираната фирма „Боита инг“ од Скопје ги обновува белите линии кои ги одбележуваат улиците и зебрите на пешачките премини, а со жолта боја се обновуваат линиите што ги означуваат такси стојалиштата.

Освен улците во градот Општината ќе ја обнови патната хоризонтална сигнализација и на локалниот пат Кавадарци-Ресава на делницата од приклучокот со региналниот пат Кавадарци-Прилеп до селото Ресава.

Годинава на 12 локации: крстосници, кружен тек и пешачки премини, на асфалтната подлога најпрвин беше поставена црвена бојаво првоаголна форма којапослужи како основа за нанесување назбри со белабоја.

На овој начин стручните служби од општината започнаа со примена на искуства од странство. Црвената подлога на пешачките премини есодвојна намена, прво како пдолога која го продолжува векот на трањеа набелите линии, апотоа и какодополнителен визуелен ефект којдава поголема видливост на пешачкиот премин.

Заради побезбедно извршување на работите, фарбањето севрши во ноќнитечасови кога интензитетот на сообраќајот е минимален.

За оваа цел Општината набави 4 тони боја, за што се инвестирани 494.086 денари. За работна рака за фарбање ќе се потрошат 470.000 денари.

Општината со новиот приод кон нанесување на бојата очекува продолжен век на користење, а пред се подобрување на безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.