Категорија: Сообраќај

Поставување на средства за смирување на сообраќајот

Поставување на средства за смирување на сообраќајот

Денес се започна со поставување на средства за смирување на сообраќајот со ширина од 1 метар и висина од 8 сантиметри на следните локации:
– ул.Словенска на две локации
– ул.Љубашка на една локација,
– ул.Ѓоре Брушански на две локации,
– ул.Ресавска на една локација,
– ул.Јован Планински на една локација,
– ул.Пиринска на една локација,
– ул.14ти Мај на две локации,
– ул.16ти Јуни на две локации,
– ул.Ќиро Спанџов на една локација,
– ул.Браќа Џунови на една локација,
– ул. Ѓорѓи Соколов на две локации,
– ул.Орце Николов на две локации,
– на влезот во с. Сопот и
– на ул.Партизанска во с.Марена на две локации.

 

Обележување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар

Обележување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар

Проектот за пробивање на Западен булевар е во завршните фази. Денес се работи на сообраќајната сигнализација.
Комплетно се уредуваат коловозните ленти со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар , на спојот со ул.Ресавска со регионалниот пат и ул.Јован Планински.
Поставени се сообраќајни знаци и се обележани околу 400 метри квадратни.
Овој проект е веќе со години баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за Општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16 440 158 денари.

СВЕТЛЕЧКИ ТАБЛИ НА ПЕТ КРУЖНИ ТЕКОВИ

СВЕТЛЕЧКИ ТАБЛИ НА ПЕТ КРУЖНИ ТЕКОВИ

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „БОЈТА инг“ од Скопје, денеска на кружните текови поставува 24 светлечки табли со соларни панели.

 Се работи за сообраќајни знаци од вертикалната патна сигнализација со кои значително ќе се подобри регулацијата на движењето на пет кружни текови во градот.

Најмногу знаци осум ќе се постават на кружниот тек кај зградата на Граничната полиција. По четири знака ќе се постават на кружните текови кај автобуската станица, кај Винсрска визба „Тиквеш“, потоа на кружниот тек кај училиштето „Гоце Делчев“ и на локацијата кај зградите „Белка“

Во оваа фаза од проектот се поставуваат и 159 знаци и 200 столбови како дел од вертикалната патна сигнализација на повеже улици во градот.

НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 7 УЛИЦИ И СИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 7 УЛИЦИ И СИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

Општината Кавадарци започна со поставување на нови сообраќајни знаци како дел од проектот за решавање на сообраќајот за еднонасочно движење на седум улици во градот.

Во оваа фаза од проектот ќе се постават 159 знаци и 200 столбови како дел од вертикалната патна сигнализација.

Паралелно со ова општината прку ангажираната оператива на специјализираната фирма „БОЈТА инг“ од Скопје поставува и 24 светлечки табли со панели за регулација на движењето на сите кружни текови во градот.