Категорија: Улици и тротоари

АСФАЛТИРАН КРАК НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

АСФАЛТИРАН КРАК НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Оперативата на „Градба промет“ денеска асфалтираше крак од улицата „Бел Камен“ на делницата од капелата до северниот влез во градските гробишта. Општината на овој потег со пари од буџетот сметка за комунална изградба ја обнови асфалтната подлога на површина од 540 квадратни метри. Претходно според проектот се изврши гребење и отстранувањето на стариот асфалт.

Со овој проект е рвитализиран дел на уште една фрекфентна улица во градот.

 

 

АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД РЕКОНСТРУИРАНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД РЕКОНСТРУИРАНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Денеска оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“ над комплексот станбени згради. Претходно според проектот на општината се изврши отстранувањето на стариот асфалт, на дотраените рабници, како и тампонирање.

Се работи на делницата од паркингот кај капелата во правец на ВВ „Тиквеш“ каде на површина од 1350 квадратни метри се постави нов слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри.

Со реконструкцијата на овој дел од улицата Жителите од зградите и од населбата „Бел Камен“ добиа обновена и побезбедна улица.

Претходно на овој локалитет кај зградите општината изврши оформување на паркинг со потпорен ѕид и поплочување, како и хортикултурно уредување на зелената површина. Реконструкцијата е на барање на жителите од оваа населба.

 

 

Реконструкција на ул.Даме Груев

Реконструкција на ул.Даме Груев

Денес се започна со реконструкција на ул.Даме Груев. Инвеститор и изведувач на проектот е ЈП Комуналец. Со реконструкцијата се предвидува промена на водоводна линија ф110, промена на фекална линија ф315 и промена на атмосферска линија ф250 со должина од 200 метри. На крајот ќе се постават и приклучоци за сите куќи на оваа улица. По завршување на овој проект ќе се започне со реализација на проект за асфалтирање на улицата.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „НАРОДНА МЛАДИНА“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „НАРОДНА МЛАДИНА“

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци денеска изврши асфалтирање на делница од улицата „Народна младина“.

Согласно проектот беаше асфалтирана површина од 850 метри квадратни. Претходно на истата делница општината како дел од проектот спроведе тампонирање, се поставиа нови рабници и се изврши поплочување на тротоарите.

Денешното асфалтирање на улицата „Народна младина“ е само дел од проектот на општината што ги опфаќа градежните работи и на улиците „Егејска“, „Бел камен“ и „Индустриска“.

За реализација на овој проект општината има предвидено финансиски средства во износ од 11.244.194 денари.

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

Точно според планот денеска попладне заврши асфалтирањето на последната делница од локалниот пат Страгово-Крњево. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ заврши со поставувањето на завршниот слој асфалт на последните метри од реконструираниот патен правец.

Оваа делница е најкусата врска на Кавадарци со Бошавијата. Со нејзиното целосно асфалтирање се заокружи значаен проект на локалната власт во напорите на заживување на овој некогаш исклучително витален регион, богат со природни ресурси.

Во последната фаза беше опфатено проширување, тампонирање и асфалтирање на последните 1 600 метри од патот. После асфалтирањето останува уште доуредувањето на канафките и пропустите, по што во наредните денови се очекува и предавање во употреба на оваа патна делница, која во изминатите 3 дена беше целосно затворена за сообраќај.

Сега од Кавадарци до селото Крњево преку Ладно Долче и Страгово ќе се патува по проширен и асфалтиран пат, многу побезбедно и побрзо.