Категорија: Улици и тротоари

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

Општина Кавадарци заврши со реализиацијата на проектот за ревитализација на улицата „Брушанска“.

Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши асфалтирање на оваа улица со  што жителите на овој дел од градот добија уште една урбанизирана улица како надополнување на веќе реконструираните „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше

Претходно ЈП „Комуналец“ работеше на реконструкција на канализационата мрежа.

СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА БУЛЕВАР МОША ПИЈАДЕ“

СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА БУЛЕВАР МОША ПИЈАДЕ“

Паралелно со поплочувањето во селата, општината реализира проекти од комуналната изградба и во Урбаните заедници во градот.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ е ангажирана на изградба на тротоар на дел од булеварот „Моша Пијаде“. Третман на оваа јавна набавка е делницата на тротоарот од спојот со булеварот „Цветан Димов“ до спојот со „Западен булевар“ (нов кружен тек) кај ООУ „Гоце Делчев“.

За поставување на павер елементи на површина од 400м2 општината инвестира 630.000 денари обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.

ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ  САЛАТА „ЈАСМИН“

ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

Општина Кавадарци во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба работи и на обнововуање на постојните и изградба на нови тротоари.

Деновиве оперативата на фирмата „Градба промет“ е ангажирана на изградба на дел од тротоарот на улицата „Западен булевар“.

Се работи за делница со површина од 760 квадратни метри, на потегот од спојот со улицата „Вишешница“ до влезот во паркингот на спортската сала „Јасмин“.

На овој дел се поставуваат бехатон коцки, а за изградба на овој тротоар општината инвестира 978.000 денари. Парите се обезбедени од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба.

АСВАЛТИРЊЕ НА ПРОБИЕНАТА УЛИЦА  „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

АСВАЛТИРЊЕ НА ПРОБИЕНАТА УЛИЦА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Оперативата на фирмата „Изолација“ ја реализираше завршната фаза со асфалтирање на крак од улицата „Орце Николов“ како дел од проектот  за дооформување со пробивање.

На оваа позиција на трасата во должина од 160 метри, градежната оператива на фирмата „Инвест груп“ во првта фаза ги изведе земјените работи на пробивање на спојот на креакот со главниот коловоз на истоимената улица. Широчината на пробиениот крак изнесува 5,5 метри, каде во првата фаза беше извршено тампонирање и поставување на рабниците од двете страни на улицата.

Се работи за проект согласно Деталниот урбанистички план за дооформување на оваа комуникација.

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

Комуналната изградба во општината Кавадарци  се одвива непречено. Оперативата на фирмата „АС Машини“ деновиве работи на прередување на павер елементите на улицата „Клинска“ во населбата „Брушан маало“.

Согласно програмата се работи на прередување на површина од 330м2 од улицата.

Општината за оваа намена има предвидено сума од 300.000 денари,. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комуна изградба.