Категорија: Улици и тротоари

УЛИЦАТА „СТРУШКА“ ПОДГОТВЕНА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

УЛИЦАТА „СТРУШКА“ ПОДГОТВЕНА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Оперативата на фирмата „Изолација“ во склоп на проектот за ревитализација на улицата „Струшка“ изврши гребење на целата површина на стариот оштетен и дотраен асфалт.

Во наредните денови следува поставување на нов слој асфалт на површина од 1340м2, од спојот со улица „Киро Крстев“ до спојот со Улицата „Методи Џунов-Џико“.

За оваа намена општината ќе потроши 2.100.000 денари. Парите се од буџетот, сметка за комунална изградба.

Според програмата на општина Кавадарци, во оваа кампања со реконструкција се опфатени улиците: „Струшка“, „Владимир Назор“, „Јован Планински“, „Дисанска“ и една улица во селото Марена.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ЈОВАН ПЛАНИНСКИ“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ЈОВАН ПЛАНИНСКИ“

Реконструирана уштре една витална улица во Урбаната заедница „Задругар. Механизацијата на фирмата „Изолација“ од Скопје постави нова асфалтна маса во должина од околу 300 метри на улицата „Јован Планински“.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од втората кампања за ревитализација на неколку улици во градот.

Работите стартуваа со гребењето на старата и дотраена асфалтна подлога при што беа отстранети 1.700м2 оштетен асфалт.

Општината за овој проект издвои 1.813.000 денари, а парите се обезбедени од сметката за комунална изградба од од буџетот.

АСФАЛТИРАНА НОВА УЛИЦА ВО  СЕЛОТО МАРЕНА

АСФАЛТИРАНА НОВА УЛИЦА ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци го реализираше комуналниот проект за изградба на улица во селото Марена. Оперативата на фирмата „Изолација“ ја асфалтираше новата улица и ја спои со локалниот пат кон село Сопот. Претходно беа изведени земјените работи, по што следеше тампонирање на вкупна површина од 525м2 од новата улицва.

Се работи за урбанизирање на земјена улица лоцирана на излезот од село Марена веднаш до локалниот асфалтен пат за селото Сопот.

Со раелизацијата на оваа улица повеќето куќи кои гравитираат во овој дел од Марена повеќе нема да се движат по пепел и кал кон своите домови.

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

Заврши поплочувањето на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа. Градежните работи ги изведе оперативата на фирмата „Ас Машини“ од Кавадарци.

Станува збор за проект на општината Кавадарци, реализиран на барање на жителите од овој дел, со кој се полочиа дополнителни 200м2 од оваа улица.

Општината за оваа намена издвои 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.

АСФАЛТИРАН СПОЈОТ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

АСФАЛТИРАН СПОЈОТ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“.

Изведувачот фирмата „Изолација“ од Скопје ги финишираше работите со поставување на асфалт на површина од 605 метри квадратни,.

Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.

За оваа намена општината потроши 1.155.000 денари, од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.