Категорија: Настани

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „РЕЦЕПТ ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА“

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „РЕЦЕПТ ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА“

„Општината, но и државата имаат рецепт за демократија, но е потребно повеќе да се практикуваат демократските принципи“ Рече градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев на денешната Работилница со наслов „Рецепт за Локална Демократија“ организирана од здружението „Чекор кон Европа“.

На работилницата присуствуваше и амбасадорот на Република Франција во Република Македонија неговата екселенција амбасадорот Христијан Тимоние

Денеска во Кавадарци во ресторанот „Моклиште“ се споделуваа искуства-„Рецепти за локална демократија“, со цел да се воспостави повисоко ниво на комуникација помеѓу граѓанскиот сектор, општинската администрација, именуваните и избраните лица. Работилницата се одвиваше во насока на постигнување на повисок степен на отвореност на локалните институции кон заедницата и зголемено учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки.

Двајцата  дискутанти посочија дека учеството на граѓанскиот сектор во развојот на локалната демократија е од особено значење.

„Долго време во Франција сме експериментирале со демократијата. Имаме жива демократија. Мислам дека можете да научите многу од нашите грешки отколку од нашите успеси. Мора да преовладува разумот да може заеднички да се работи и противникот да не се смета за предавник. Навистина да сфатиме дека мојот глас може би навистина тежи кај другата страна, но и обратно и дека нема предавници туку има сограѓани“ рече Тимоние.

Одговарајќи на прашање: Колкав е степенот на демократија во земјава, амбасадорот Тимоние посочи дека сеуште се трага по неа.

„Рецептот го имаме само треба да го практикуваме. Тоа значи да секој не се меша во сите работи, секој да си ја гледа својата работа. Ако го поврземе тоа со кујна тоа значи дека потребно е да се знае кој каков зачин става, за да не се повтора“ заклучи градоначалникот Јанчев.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија.

 

КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БАДЕВ

КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БАДЕВ

Под покровителство на градоначалникот м-р Митко Јанчев и советот на општината, Кавадарци денеска одбележува значаен јубилеј, 100 години од раѓањето на Никола Бадев.

Во склоп на одбележувањето во Музејот на Вкусот и традицијата (нов музеј) ќе биде отворена спомен соба на великанот на македонската народна песна.

Во спомен собата е изготвена поставка во која се наоѓаат: примот на кој Бадев настапувал, реставрираната гитара на која ги свирел најубавите македонски народни песни, потоа 48 фотографии од различни периоди на неговиот живот.

Во колекцијата која е донација од семејството на Никола Бадев се наоѓаат бележниците во кој ги запишувал народните песни, голем број на сингл и ЛП грамофонски плочи од неговиот богат дискографски опус, како и лични и семејни предмети.

Во чест на Бадев на спомен бистата на плоштадот ќе бидат положени букети свежо цвеќе, а од 19.00 часот во салата на домот на културата ќе се одржи концерт во чест на Никола Бадев на кој ќе настапат групи и пеачи од Кавадарци и Ваташа.

Градоначалникот Митко Јанчев се сретна со амбасадорката на В.Британија Рејчел Галовеј

Градоначалникот Митко Јанчев се сретна со амбасадорката на В.Британија Рејчел Галовеј

Денeска во посета на Кавадарци престојуваше  амбасадорката на Велика Британија во Република Македонија, Рејчел Галовеј .Таа се сретна со Градоначалникот  Митко Јанчев  а се запозна и со економските и културно-историските можности за соработка на Општнава со градови од Велика Британија.

Граѓаните и Градоначалникот Митко Јанчев дискутираа за буџетот на општина Кавадарци за 2019 година

Граѓаните и Градоначалникот Митко Јанчев дискутираа за буџетот на општина Кавадарци за 2019 година

Граѓаните и граѓанските организации од општина Кавадарци денеска имаа можност да ги кажат своите предлози за општинската каса за следната година. Во рамки на проектот „Мои пари, моја одговорност“ партиципативно буџетирање во општините во Македонија дискутираа градоначалникот Митко Јанчев и присутните на настанот.

Градоначалникот Јанчев ги претстави општинските приоритети за следната година кои ќе бидат составен дел од буџетот за 2019 година на општина Кавадарци. Свои излагања имаа и претседателот на советот Ристо Сакалиев и раководителот на секторот за финансии Цанка Јовановска.

Градоначалникот Јанчев се сретна со жителите на УЗ „Браќа Досеви“ и „Задругар“

Градоначалникот Јанчев се сретна со жителите на УЗ „Браќа Досеви“ и „Задругар“

Градоначалникот Митко Јанчев со вработниите ,администрацијата и претставници на ЈП Комуналец, ги продолжија редовните средби со граѓаните на урбаните заедници.Синоќа имаше средба со жителите на УЗ„Задругар„ и „Браќа Досеви„

Средбите со УЗ продолжуваат и денес. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев заедно со службите денес ќе биде во посета на две урбани заедници.
УЗ Љубаш 17:30 часот – пред маркетите “Дијана“ и “Минекс“ кај ООУ “Гоце Делчев“.
УЗ Кула 18:30 часот – кај музичкото паркче.