Категорија: Настани

МОТО КЛУБОТ „ТИКВЕШ РАЈДЕРС“ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА

МОТО КЛУБОТ „ТИКВЕШ РАЈДЕРС“ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов неполни 24 часа по големиот настан приреди приием за делегацијата на мото клубот „Тиквеш рајдерс“ кој беше организатор на Мото средбата на мото клубовите од Македонија.

Кавадаречките моторџии му подарија на градоначалникот маица во рамка како знак на сеќавање за на настанот кој позитивно го разбранува Кавадарци. Заблагосдарувајќи за честа Панов посочи: „Конечно неколкуте средби на раководството на клубот со мене се претворија во реализација на еден убав проект, за кој се надевам дека ќе прерёасн во традиција. Овојпат го исправивме пропустот од пред две години и на Кавадарци му го подаривме ангажманот на нашиот мото клуб. Моторџиите од Македонија на споменикот на 12 Младинци направија еден исклучителен, кспортски,културно забавен и духовен настан кој меѓудругото го посветивме и на македонската историја и слободарски дух како тројство на Тиквешкото Востание, стрелањето на 12 ваташки младинци и младоста на денешницата. Им изразувам благодарност на кавадаречките вљубеници во моторите и посакувам ова да биде традиција и афирмација на Кавадарци како град на младоста и спортот. Ёова беше извонредна можност да се разбие стереотипот за моторџиите. И тие се нормални луќе со морал и културан, но од обичните се разликуваат само по нивната стратс кон моторите“.

Драган Петров-Гаго во името на мторџиите се заблагодари на разбирањето од градоначалникот и општината и притоа  потенцираше дека на „Моклиште“ и низ Кабвадарцци за два дена протатнеа над 1000 мотори и моторџии од 18  мото клубови од Македонија што само посебе потврдува висок рејтинг на кавадарчани меѓу нивните колеги од републиката.

ПРИЕМ ЗА МЛАДИТЕ КАРАТИСТИ КОИ ГО „ПОКОРИЈА“ БАЛКАНОТ

ПРИЕМ ЗА МЛАДИТЕ КАРАТИСТИ КОИ ГО „ПОКОРИЈА“ БАЛКАНОТ

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов организираше прием за дел од членовите на македонската јуниорска карате репрезентација кои на неодамна одржаната Балканијада во Белград ги освоиа златниот во женска и бронзенеиот медал во машка конкуренција.

Станува збор за трофејниот женски ката тим на карате клубот „Урбан Инвест“ во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска. Тие се новите балкански шампиони, откако како македонски репрезентативки на доминантен начин славеа во својата класа на Балканското првенство за наптреварувачи од 11 до 14 години. Покрај „златниот“ женски ката тим, гости на градоначалникот беа и, машките од  ката тимот 11/12 години во состав Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев кои го освоија бронзениот медал во малото финале за 3 место на првенството.

Градоначалникот Панов уште еднаш им честиташе на големиот успех, притоа потенцирајќи дека овие млади спортисти на најубав начин возвраќаат за вложените средства како од општината така  и од спонзорот.

Тренерот на клубот Ивана Аврамова рече дека оваа генерација од година во година го потврдува својот талент и полека созрева со цел наскоро да биде репрезент на македонскиот карате спорт во светот.

Претставникот на спонзорото „Урбан инвест“, директорот Александар Сеизов подвлеќе дека тие како компанија се горди на каратистите кои со резултатите ги потврдуваат нивните вложувања.

„ТИКВЕШКИ ВИНСКИ ПАТ“ – ГО ПРОМОВИРА ВИНОТО И ВИНСКАТА КУЛТУРА

„ТИКВЕШКИ ВИНСКИ ПАТ“ – ГО ПРОМОВИРА ВИНОТО И ВИНСКАТА КУЛТУРА

Кавадарци е дел од европските рути и тоа можеби најважната на Балканот. Во рамки на меѓународната конференција „Основање на Итер витис Балкан – Можност за поврзување и економски развој”. Гостите, преставници од сите земји од поранешна Југославија и од Грција го посетија Кавадарци како идно седиште на оваа организација, потоa во Музејот на вкусовите, единствен од таков вид во регионот имаа средба со домаќинот градоначалникот Алчександар Панов, а после целосната посета на постаките во музејот имаа заедничко дружење и запознавање на производно туристичките капацитете на најголемата и една од најстарите  винарници – Винарската визба „Тиквеш”.

„Мене ми е посебна чест и задоволство што Кавадарци е дел од европските рути и тоа можеби најважната на Балканот. Тоа што го имаме, со помош на Министерството за култура и Фондацијата „Тиквешки вински пат” се обидуваме да го промовираме, нашата вистина за виното и винската култура и да станеме препознатлив бренд. Ова е одлична можност цела Европа да дознае за нашата вистина“, рече градоначалникот на Кавадарци Акександар Панов.

Задоволство што Кавадарци ќе биде седиште на балканските вински патишта изрази и Виолета Јанкова, директор на „Тиквешки вински пат”.

„Како еден од директорите на винските патишта во Европа, можам да кажам дека успеавме да се избориме да се направат вински патишта како мрежа на Балканот. Со нив ќе се брендираат териториите на Балканот како земји од кои виното и винската култура се прошириле на територијата на Европа, што е малку познато и малку користено во брендирањето на виното и винската култура“ рече Јанкова. Таа нагласи дека има најава од Министерството за култура и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија дека ќе помогнат што поуспешно да се презентира Македонија како подрачје кое има развиен вински туризам, со цел да се привлечат што повеќе туристи кои ќе ги купуваат македонските производи и ќе ја запознаат македонската култура“.

Стефано Домениони, директор на Европскиот институт за културни рути на Советот на Европа истакна дека се одбележува сертификацијата на винската културна рута, како една од културните рути на Советот на Европа. „Тоа е културна рута која сакаме да ја доближиме до европјаните бидејќи вашата убава земја го заслужува тоа,“ нагласи Домениони, кој на крајот од посетата искажа огромна благодарност за г. Јанкова чија упорност доведе до финализација на идејата Кавадарци да стане средиште на Балканскиот вински пат. Гостинот од ЕУ не ги штедеше комплиментите ни кон општината за прекрасниот прием и презентација на можностите кои ги пружи Кавадарци со својата лозаро винарска традиција.