Категорија: Настани

Одбележан празникот 11 октомври во Кавадарци

Одбележан празникот 11 октомври во Кавадарци

Делегација на претставници од општествено-политиучкиот живот на Кавадарци, предводена од градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов, денеска во чест на 11 Октомври–Денот на народното востание, положија свежо цвеќе пред споменикот на слободата и Револжуцијата на градскиот плоштад.

Денешната генерација Кавадарчани и македонцки положиа цвеќе за хероите пред паметникот за денот на македонската борба за слобода, значаен ден за македонската државност.

Во Прилеп и Куманово започна борбата на нашите дедовци и татковци, продолжувачи на делото на славните илинденци, кои со своите дела ни оставија обврска и аманет за зачувување на независноста и самостојноста на Република Македонија натопена во крвта на паднатите херои.

На сите граѓани на Општина Кавадарци и на Република Македонија им го честитам празникот 11 Oктомври.

Во честитката после свеченоста Панов рече: „Одбележувајќи го овој значаен датум од македонската понова историја им оддаваме почит на сите учесници во Народно ослободителната борба, која го симболизира македонскиот непокор и вековитиот стремеж за слобода.

Одбележан празникот 11 октомври во Кавадарци – видео

Министерот за Труд и социјална политика Диме Спасов во посета на Кавадарци

Министерот за Труд и социјална политика Диме Спасов во посета на Кавадарци

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, пратеникот во Собранието на Република Македонија Весна Пемова и претседателот на Советото на општината Горица Пеливанова Вилхелм, го посетија Дневниот центар за превенција од зависности кој е  заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и на Општина Кавадарци, во износ од околу 1.500.000 денари.

„Се работи за целосно реконструиран и опремен објект  кој ќе врши психосоцијална поддршка на семејствата и на корисниците на овој дневен центар, индивидуална и тимска работа, и исто така работен третман и поддршка од страна на психолог и социјален работник”, објасни министерот Спасов.

Градоначалникот Панов и министерот Спасов ги посетиа шесте семејствата чии што куќи ги зафати пожар пред неколку месеци при што имаа значително оштетување на нивните домови. Како резултат на заедничката акција на Општината и бизнис заедницата, односно регионалната Стопанска комора  и со  финансиска поддршка од Центарот за социјални работи и Министерството за труд и социјална политика се обезбедија околу 30.000 евра за целосна реконструкција на трите куќи во коишто живеат шест семејства.

Градоначалникот Александар Панов рече дека локалната самоуправа и бизнис секторот раководен од претседателот  на регионалната стопанска комора Митко Јанчев со свој допринос обезбедиле нормални услови за живеење на овие семејства.

„Последиците од пожарот се целосно санирани и слободно можам да кажам дека овие семејства може да имаат комотен и удобен живот. Ги надминавме последиците од ужасниот пожар и навистина е големо задоволството кога ќе се види една состојба на едни солидни услови за живот.

И понатаму во соработка со Општина Кавадарци ќе продолжиме со реализација на низа проекти, за во наредниот период  одредени објекти коишто се слободни и коишто може да се адаптираат за детски градинки и на старски домови во Кавадарци”, истакна Спасов.

 

Средба на градоначалникот Александар Панов со Амбасадорката на Франција

Средба на градоначалникот Александар Панов со Амбасадорката на Франција

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска имаше средба со госпоѓата амбасадорка на Република Франција во Македонија, нејзината екселенција, Лоренс Оер.

Панов високата гостинка ја запозна со природно географските и културните карактеристики на Кавадарци и Тиквешијата, а на нивната втора официјална средба во Кавадарци се разговараше и за економскиот потенцијал на општината и можната соработка на тој план.

Домаќинот Панов ги презентираше можностите на кавадречкото стопанство, како на домашните фирми, така и на странските инвестиции кои се присутни во Општината. Притоа искажа желба со посредство на амбасадата на Француската Република во Македонија да се помогне во воспоставувањето на поблиски релации на општината Кавадарци со некоја француски општина со слични економско природни карактеристики.

Панов исто така се заложи за покренување заедничка иницијатива за позначајно присуство на францускиот јазик во кавадаречките училишта. Според него овој процес би се поттикнал со евентуална француска инвестиција, која кај децата би го зголемила интересот за изучување на францускиот јазик. Поткрепа на ова е фактото што поради присуството на Дрекслмаер и Синалко како големи странски инвеститори, родителите ги стимулираат децата да го изучуваат германскиот јазик.

Нејзината екселенција амбасадорката Оер во целост ги прифати предлозите на Панов израувајќи поддршка и нејзина лична заложба за создавање предуслови за реализација на истите. Притоа рече дека преку амбасадата ќе покрене иницијативи за воспоставување збратимени односи на општината со некоја слична во Франција. Во делот на економската присутност на Франција во Кавадарци посочи дека ќе го надополнат и онака исклучително доброто работење на економскиот промотор на Македонија во Франција со цел отворање на погон на некоја француска компанија во Кавадарци.

Градоначалникот Александар Панов реализира работна средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

Градоначалникот Александар Панов реализира работна средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

Градоначалникот Александар Панов во кабинетот реализира работна средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На средбата се разговараше за актуелната состојба во културата и културните институции во општината Кавадарци.

Домаќинот Панов најпрвин се заблагодари на министерката и Владата на република Македонијаа на нескриената поддршка која во континуитет ја изразуваат кон општината. Доказ за тоа се и многуте проекти со кои Владата и општината заеднички инвестираа во проекти за ревитализација, програмски активности и подобрување на капацитетите, човечките ресурси и кондицијата на институциите од културата. Притоа потенцирајќи ги вложувањата во реновирање на историски и културни знаменитости куќата на народниот херој Страшо Пинџур, со посебен акцент на новите вработувања во музејот, библиотеката и Домот на културата.

Министерката Канческа-Милевска подвлече дека таа и Владата со респект ги следат активностите на градоначалникот и општината кои се пример во републички рамки за односот  кон културата и функционирањето на културните институции.

На средбата присуствуваше и претседателот на Советот на општината Горица Пеливанова Вилхелм која истакна дека и Советот безрезервно ги поддржува активностите и реализацијата на програмските активност на општината во делот на културата.

На средбата беа договорени идните активности на заедничко дејствување во културата и подигањето на квалитетот на институциите од културата во општуина Кавадарци.

102 години од Тиквешкото востание

102 години од Тиквешкото востание

Пред споменикот на жртвите од „Тиквешкото востание“ од 1913 година кој се наоѓа во паркот „Полана“ во Кавадарци се одбележаа 102 години од  востанието на тиквешани против српскиот окупатор. Загинале 533 тиквешани од кои над педесеттина само во Кавадарци.

Свежо цвеќе положија и пред споменикот на жртвите се поклонија градоначалникот Александар Панов, претседателката на Советот на општината Горица Пеливанова-Вилхел, членови на општинскиот Совет, претставници на политички партии и делегација од сојузот на борци Кавадарци.

За востанието и теророт кој го преживувале тиквешани од српскиот окупатор говореше директорот на Музеј-галерија Кавадарци, Петре Камчевски.

„80 години  се криеше тиквешкото востание се до 1993 година кога во организација на општина Кавдарци и музеј галерија беше организиран симпозиум на кој главна тема  беше Тиквешкото востание во 1913 година. Денеска по долга борба и докажување со факти овој настан е составен дел на македонската историја и македонската историографија. По завршувањето на Првата балканска војна –по некое нпишано правило тиквешијата е запоседната од српските воени-администрреативни сили кои ја заземаат десната страна на реката вардар, а од левата страна бугарската војска,“ рече Камчевски.

Присутните ги поздрави градоначалникот Панов, кој апелираше до политичките чинители да извлечат поука од историјата и секогаш пред личните и партиски интереси, да ги имаат интересите на народот и на државата Република македонија.

„Ние како современици треба да излечиме една голема поука од историјата дека на Македонија и на Македонците никој од соседите не им е пријател. Сите си го гледаат нивниот интерес, затоа ние треба да си го гледаме нашиот интерес и многу е поразително кога сакаме да си го запазиме сопствениот интерес, имаме крт одвнатре“ рече Панов.