Категорија: Настани

Акција Ден на дрвото 2014 мошне успешна

Акција Ден на дрвото 2014 мошне успешна

Стручните лица вработени во Македонски шуми вчерашната акција Ден на дрвото ја оценија за мошне успешна. И покрај лошите временски услови граѓаните, вработените во администрацијата, ученици и професори масовно  дадоа подршка на акцијата за раззеленување на државата. ВО Кавадарци се садеше на две локации. Се пошумуваа локациите „Калница“ и „Мелци“.

На локалитетот „Калница“ поддршка на акцијата дадоа земник министерот за здравство Јовица Андовски, пртеничката од Кавадарци, д-р Весна Пемова и комерцијалниот директор на Македонски шуми Тони Јованов.

„Ова е седма година по ред откако се спроведува оваа акција или двапати годишно. Акцијата е доста успешна. Баш на овој локалитет каде што сме присутни „Мелци“ зафатеноста на дрвцата што ги садевме минатата година е над 50 отсто. Денешното пошумување овде има за цел да помогне  да запре лизгањето на земјиштето.“ рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Весна Пемова.

На „Калница“ се садеше аризонски чемпрес, багрем, црн бор и јасен. Од Македонски шуми нагласуваат грижата кон шумите им е секојдневна, а несебично ја организираати помагаат акцијата „Ден на дрвото“.

„ Нашата обврска е да ги чуваме негуваме и одгледуваме шумите, па на крај да се искористи тоа што треба.  Мораме да подигнеме нови шуми, да  го збогатиме шумскиот фонд, да ги заштитиме земјиштето од ерозија, да се заштитат водите,  да се заштити природата од загадување. Избушени се на оваа локација 15 илјади дупки“ рече комерцијалниот директор на ЈП „Македонски шуми“ Тони Јованов.

Денешната акција „Ден на дрвото“ беше подржана и од вработените во Фени Индустри. И нивниот придонес е несебичен уште од почетокот на оваа  иницијатива во 2008 година.

Во соработка со институциите организатори на оваа акција, односно Општина Кавадарци И Македонски Шуми, подружница Кавадарци, земајки го во предвид повекегодисното учество, ФЕНИ досега има посадено 17.000 садници на локациите однапред определени од страна на Македонски шуми. Оваа година се приклучивме во акцијата на пошумување на локалитетот Мелци. Нашето учество е исто така И во согласност со политиките за општествена одговорност на компанијата, па оттука активно се вклучуваме во сите кампањи  од ваков тип. Земавме учество И во денот на розите оваа година, но истотака имаме организирано бројни самостојни кампањи за посадување дрва во соработка со невладини организации и локални еколошки друства“ рекоа од Фени индустри.

Лифтови за лица со попречености

Лифтови за лица со попречености

Лифтови за лица со попречености, првично, ќе се постават во општинската зграда во Кавадарци и во едно основно училиште. По еден ќе има и во велешката Гимназија и во основното училиште „Васил Главинов“. Лифтовите ќе се купат и монтираат со пари на општините и помош од УНДП. Како дел од активностите на Вардарскиот плански регион, на светскиот ден на лица со попречености, договор со заменик постојаниот преставник на Програмата за развој на Обединетите нации во Македонија, Алесандро Франкасети потпишаа градоначалниците на општините Кавадарци Александар Панов и на Велес Славчо Чадиев.

Секоја општина ќе треба да вложи сопствени сретства во висина од по уште 25 илјади долари. Тие пари ќе треба да се употребат за купување на лифтови или активности со кои ќе се отстранат што поголем број на архитектонски бариери за лицата со попречености во Велес и Кавадарци.

„Тоа е наша законска но пред се и човечка обврска во етапи и во зависност од сретствата кои ги имаме испланирано во општинските буџети да отстраниме што поголем број на архитектонски бариери пред и во објектите на институциите кои се под надлежност на општините. Сретствата што денеска ги добивме од УНДП ќе ни ја олеснат работата,“ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Проектот доаѓа во вистинско време сметаат од граѓанското здружение на лица болни од церебрална парализа во Велес. Многу општински институции не се достапни за оваа категорија на граѓани во Вардарскиот регион, вели претседателката Далиборка Златева.

„Ова е првиот чекор. Во иднина се надевам дека се почесто ќе се уриваат архитектонски бариери пред и во јавните општински и институциите во руралните места. Очекувам дел од  сретствата да се вложат во паркови и уредување на зеленила како и за набавка на спортски реквизити во училишните сали кои им се потребни на лицата со попречености со што ќе покажеме што поголема вклученост и инклузија на оваа категорија граѓани во општественото живеење,“ рече Златева.

Од здружението очекуваат активностите на општините во Вардарски плански регион да се реализираат како секој ден да е 3 декември.

Обука за новите измени и дополнувања на законот за административни службеници

Обука за новите измени и дополнувања на законот за административни службеници

Вработените во локалните самоуправи   Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија и претставници на институциите кои се под надлежност на општината и се финансираат од буџетот, денеска во Кавадарци се обучуваа за приемната на две законски решенија кои го тангираат нивното работење. Претставници на Министерстовот за информатичко општество и администрација и од Агенцијата за администрација ги едуцираа админитративците за примената на Законот за вработените  во јавниот секотор и законот за административни службеници и системот на управување темепел на компетенции.

„Ова се обуки кои се организираат на регионално ниво, потпомогнати од Британскиот совет. Целта е  да се запознаат вработените со  овие две законски решенија и што ги очекува од отпочнување со примена. Тие законски решенија стапуваат на сила  од средината на февруари 2015 година. Говоревме и за начинот како новините да  се имплемнтираат  за да имаме поефикасна, поефективна и поекономична амдиминситрација ,а не тромава како што досега не нарекуваа“ рече Љубомир Младенов од МИОА.

Државата ќе воведува регистар на вработени во администрација, а преку него во секој момент ќе се знае точниот број на вработените во администрацијата, структурата на образование, старосната граница на вработените, кој и зошто е казнет или унапреден.

„Главното она од кое почнуваме е  воведување на компетенции. Сите оние службеници мора  да имаат одредени општи и посебни компетенции, за да можат да влезат на работното место кое што ке биде објавено и на задачите од истото да одговори  што подобро, поефикасно и поекономично . Сите ние ги користиме средствата на даночните обврзиници. Целта е да створиме една помала и поефикасна администрација во иднина.“ рече Александар Голев од Агенцијата за администрација.

Победниците противпожарен квиз

Победниците противпожарен квиз

 Победниците  на 30-от по ред  општински противпожарен квиз натпревар кој се одржа во гиманизјата „Добри Даскалов“, екипите на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и екипата на гимназијата „Добри Даскалов“ вчера учествуваа на регионалниот квиз натпревар кој се одржа во Валандово. На ова натпреварување во категоријата кадети првото место го освоија учениците од Прилеп, а нашата екипа од категоријата кадети беше втора. Во категоријата јуниори први беа учениците од Крушево, а гимназијалците од Кавадарци го освоија второто место.

„Екипите од сите региони кои што го освоиле првото место во категориите кадети и јуниори  ќе одат на републичкиот  противпожарен квиз кој што ќе се одржи во Кочани на 10 декември годинава“ инфоирмира претседателот на општинсклиот противпожарен сојуз м-р Петко Ристовски.

Репрезентативци и млади спортисти во велосипедизам

Репрезентативци и млади спортисти во велосипедизам

Репрезентативци и млади спортисти во велосипедизам, веќе два дена ја возат делницата од Крушево до Пелинце, поминувајќи низ повеќе градови на Македонија.20-сетина велосипедисти пристигнаа во Кавадарци на 32 јули, а на 1 август ги прими градоначалникот Александар Панов. Притоа се разговараше за целта на маршот, да се промовира велосипедизмот како спорт за помладите од 15 години, и за идејата да се иницира обновување на трката „Ваташки Меморијал“ која 37 пати беше оддржана по повод 16 јуни, денот на стрелањето на 12-те деца.

На приемот градоначалникот се интереисраше за развојот на велосипедскиот спорт во Македонија и ја поддржа иницијативата за формирањее на велосипедски клуб во градот кој би ги презел обврските за формирање и организација на Ваташкиот меморијал.

Агенцијата за млади и спорт и велосипедскиот сојуз на Македонија го организираа велосипедкиот марш по повод 2 Август, двојниот празник на Република Македонија, 111 години од Илинденското востание и 70 години од АСНОМ.

reprezentativci_mladi_sportisti_velosipedizam_2
reprezentativci_mladi_sportisti_velosipedizam_3