Категорија: Настани

АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНИРАЊЕ ШУМСКИ ПОЖАРИ НА ЉУБАШ

АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНИРАЊЕ ШУМСКИ ПОЖАРИ НА ЉУБАШ

            Општина Кавадарци во координација со Територијалната против пожарната единица Кавадарци и ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци ќе реализира превентивна акција за заштита од пожари. Со акцијата ќе биде направена парцелизација на ридот „Љубаш“, а ќе биде опфатено расчистување на постоечките полски патишта и патеки во делот помеѓу Мал и Голем Љубаш.

            Се работи за  чистење на патеки во должина од околу 4 километри кои ќе служат како брана за неширење на евентуални пожари и полесно движење на противпожарните единици со цел интервенција во случај на пожар.

            Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека оваа акција е од големо значење за превентивно делување во случај на пожар. Со релативно мал зафат спроведен од службите во општината надлежни за пожарите, ќе се овозможи поефикасна интервенција на ПП екипите.

            Детали за акцијата изнесе м-р Петко Ристовски од Македонски шуми кој истакна дека ваква постапка за превентивно делување се спроведува по пауза од неколку децении, а има за цел да се превенираат евентуали штети.

            Командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски рече дека и ТПП едеиница со целиот свој расположив капацитет ќе се вклучи во акцијата за превенција од евентуален пожар на „белите дробови“ на Кавадарци.

Летен камп за деца во Михајлово по шести пат

Шеста година по ред Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци ќе го организира летниот камп Михајлово 2018 година во временскиот интервал од 27.07.-03.08.2018 година.

Целна група на овој проект на Советот се 20 малолетници од основните училишта во Кавадарци на возраст од 12-15 години, со понизок економски статус на нивните семејства, меѓутоа дечиња кои покажуваат одличен или многу добар успех во учењето. 

– Со овој проект Општинскиот Совет за превенција секоја година наградува по 20-тина деца кои доаѓаат од сите основни училишта, а истовремено сака да ги стимулира останатите ученици да продолжат со одличниот успех и да останат настрана од лошите пороци, ни рече секретарот на Советот Костадинка Лалкова.

На овој летен камп децата ќе бидат под менторство на стручни лица и секојдневно ќе имаат програма за работа и планирани завабни активности.

– Оваа година одржувањето на летниот камп „Михајлово 2018“ година го помогнаа: Општина Кавадарци, Метал Апостолов, Слога, Кожувчанка, нотарска канцеларија на Нотар Пане Нацев и АС Машини, до кои што изразуваме благодарност, а на сите учесници на кампот им посакуваме убаво да си поминат и на есен да продолжат со одличниот успех во учењето, вели Лалкова.

Инаку Костадинка Лалкова секретар на Советот ,и оваа година е најзаслужна.Речиси сама ги обезбеди сите средства за кампот, затоа Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци јавно и се заблагодарува.

Претставен проект за лица со инвалидност

Претставен проект за лица со инвалидност

Општина Кавадарци беше домаќин на средбата на лица со инвалидност кои во големата сала на советот имаа можност да присуствуваат на претставувањето на проектот „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ“.

            Целта на проектот е зајакнато влијание на граѓанските организации кои работат со лица со попреченост во креирање на јавни политики во Општините Кавадарци, Градско и Чашка. Краткорочната цел на проектот е градење на засебни стратегии Локален акционен план за лица со инвалидност од овие општини.

            Пред присутните се обрати градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев кој посочи дека општината безрезервно и со задоволство прифаќа да се вклучи во изработката на Локалниот акционен план за лица со инвалидност. Притоа подвлече дека неговата изработка ќе биде заедничка со сите здруженија од општината кои се опфатено со неговата реализација бидејќи така ќе се лоцираат сите потреби и ќе се изнајдат вистинските решенија.

            Јанчев притоа додаде: „Од самиот почеток дејствуваме во интерес на лицата со инвалидност и попреченост. Досега општината има реализирано повеќе проекти во правец на создавање услови за подобрување на условите на овие лица и нивна поголема вклученост во општеството. Во неколку наврати се доделени електрични колички за инвалиди, изградени пристапни рампи во институциите, лифт за инвалиди во општината како и доделени парични рседства“.

            Во оваа прилика Јанчев го промовираше и проектот со кој општината ќе обезбеди и возило комби за бесплатен превоз на инвалиди и лица со попреченост. Комби возилото со рампа е донација од СР Германија, а ќе биде на располагање на корисниците 15 часа во денот. Трошоците ќе ги обезбедува општина Кавадарци.

ОДБЕЛЕЖАНИ 27 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ ПЕТРЕ ТОДОРОВСКИ

ОДБЕЛЕЖАНИ 27 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ ПЕТРЕ ТОДОРОВСКИ

Општина Кавадарци во рамките на програмата одбележа 27 години од загинувањето на војникот Петре Тодоровски во немирите во Словенија во виорната 91 година кога се распаѓаше СФР Југославија.

            По тој повод делегација од кабинетот на градоначалникот, од советот на општината како и претставници од сојузот на борци Кавадарци, во присуство на семејството, пред неговиот гроб положија букети свежо цвеќе.

            Кавадарчаните Петре Тодоровски, Сашко Гешовски, Мишко Митрев, пред 27 години во 1991 година кога започна да се распаѓа поранешна Југославија, се најдоа во хаосот, како и многу други, македонски момчиња, чија младост штотуку започнуваше, а згасна прерано.

            Тодоровски беше убиен на стражарското место во касарна во Љубљана.

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЗАЕДНИЧКИ КАПИТАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЗАЕДНИЧКИ КАПИТАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев оствари средба со Министерот за Транспорт и врски Горан Согарески. Во кабинетото на Јанчев, тие во подолг и сеопфатен разговор дискутираа за неколку важни прашања поврзани со патната инфратстура во и околу градот и Општината, изградба на нова обиколница, изведба на фекална и  атмосферска канализација, изведба на мрежа на водоснабдување, како и поврзување на Кавадарци со крак од магистралниот гасовод и за други прашања од интерес на граѓаните. Во рамките на работната средба Јанчев и Сугарески извршиа увид во работите на „Западен булевар“.

Во изјава за медиумите градоначалникот Јанчев истакна: „Заеднички со министерот констатиравме дека имаме доста врзани проекти од капитално инфраструктурно значење, за кои очекувам и се надевам дека  ќе се движат во посакуваниот правец. Овие работи се дел од поголемиот проект со кој  ќе се доградат 1.200 метри булеварско решение на влезот од Росоман како продолжување на постојниот булевар со 4 ленти, комплетна инфраструктура, осветлување. За ова ќе бидат потрошени околу 60 милиони денари“. Тој посочи  дека  нареднен проект ќе биде реконструкција на обиколнинцата „Севереен булевар“. Според градоначалникот Јанчев овие два капитални проекти во многу ќе го подобрат вбезбедносниот и визуелниот момент на двата значајни влезови во градот од правец на Скопје преку Росоман и од правец на автопатот преку Неготино.