Категорија: Настани

Претставен проект за лица со инвалидност

Претставен проект за лица со инвалидност

Општина Кавадарци беше домаќин на средбата на лица со инвалидност кои во големата сала на советот имаа можност да присуствуваат на претставувањето на проектот „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ“.

            Целта на проектот е зајакнато влијание на граѓанските организации кои работат со лица со попреченост во креирање на јавни политики во Општините Кавадарци, Градско и Чашка. Краткорочната цел на проектот е градење на засебни стратегии Локален акционен план за лица со инвалидност од овие општини.

            Пред присутните се обрати градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев кој посочи дека општината безрезервно и со задоволство прифаќа да се вклучи во изработката на Локалниот акционен план за лица со инвалидност. Притоа подвлече дека неговата изработка ќе биде заедничка со сите здруженија од општината кои се опфатено со неговата реализација бидејќи така ќе се лоцираат сите потреби и ќе се изнајдат вистинските решенија.

            Јанчев притоа додаде: „Од самиот почеток дејствуваме во интерес на лицата со инвалидност и попреченост. Досега општината има реализирано повеќе проекти во правец на создавање услови за подобрување на условите на овие лица и нивна поголема вклученост во општеството. Во неколку наврати се доделени електрични колички за инвалиди, изградени пристапни рампи во институциите, лифт за инвалиди во општината како и доделени парични рседства“.

            Во оваа прилика Јанчев го промовираше и проектот со кој општината ќе обезбеди и возило комби за бесплатен превоз на инвалиди и лица со попреченост. Комби возилото со рампа е донација од СР Германија, а ќе биде на располагање на корисниците 15 часа во денот. Трошоците ќе ги обезбедува општина Кавадарци.

ОДБЕЛЕЖАНИ 27 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ ПЕТРЕ ТОДОРОВСКИ

ОДБЕЛЕЖАНИ 27 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ ПЕТРЕ ТОДОРОВСКИ

Општина Кавадарци во рамките на програмата одбележа 27 години од загинувањето на војникот Петре Тодоровски во немирите во Словенија во виорната 91 година кога се распаѓаше СФР Југославија.

            По тој повод делегација од кабинетот на градоначалникот, од советот на општината како и претставници од сојузот на борци Кавадарци, во присуство на семејството, пред неговиот гроб положија букети свежо цвеќе.

            Кавадарчаните Петре Тодоровски, Сашко Гешовски, Мишко Митрев, пред 27 години во 1991 година кога започна да се распаѓа поранешна Југославија, се најдоа во хаосот, како и многу други, македонски момчиња, чија младост штотуку започнуваше, а згасна прерано.

            Тодоровски беше убиен на стражарското место во касарна во Љубљана.

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЗАЕДНИЧКИ КАПИТАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЗАЕДНИЧКИ КАПИТАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев оствари средба со Министерот за Транспорт и врски Горан Согарески. Во кабинетото на Јанчев, тие во подолг и сеопфатен разговор дискутираа за неколку важни прашања поврзани со патната инфратстура во и околу градот и Општината, изградба на нова обиколница, изведба на фекална и  атмосферска канализација, изведба на мрежа на водоснабдување, како и поврзување на Кавадарци со крак од магистралниот гасовод и за други прашања од интерес на граѓаните. Во рамките на работната средба Јанчев и Сугарески извршиа увид во работите на „Западен булевар“.

Во изјава за медиумите градоначалникот Јанчев истакна: „Заеднички со министерот констатиравме дека имаме доста врзани проекти од капитално инфраструктурно значење, за кои очекувам и се надевам дека  ќе се движат во посакуваниот правец. Овие работи се дел од поголемиот проект со кој  ќе се доградат 1.200 метри булеварско решение на влезот од Росоман како продолжување на постојниот булевар со 4 ленти, комплетна инфраструктура, осветлување. За ова ќе бидат потрошени околу 60 милиони денари“. Тој посочи  дека  нареднен проект ќе биде реконструкција на обиколнинцата „Севереен булевар“. Според градоначалникот Јанчев овие два капитални проекти во многу ќе го подобрат вбезбедносниот и визуелниот момент на двата значајни влезови во градот од правец на Скопје преку Росоман и од правец на автопатот преку Неготино.

ОДБЕЛЕЖАНИ 105 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ ВО 1913

ОДБЕЛЕЖАНИ 105 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ ВО 1913

Општина Кавадарци одбележа 105 години од „Тиквешкото востание“. На скромна свеченост во паркот „Полана“ пред споменикот на жртвите,  букети цвеќе положија градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев, членови на советот на општината и претставници на боречката организација.

Со акценти за карактерот и причините за востанието, пред присутните говореше Марија Михова, кустос-историчар од Музеј-галерија Кавадарци.

Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Јанчев со пиетет говореше за крвавиот настан од 19 јуни 1913 година кога кавадарчани се спротивставија на тиранијата на српската окупаторска власт во втората Балканска војна. Јанчев притоа подвлече: „Овие настани од јуни 1913 година говорат за едно време во кое Тиквешијата пишувала историја.Тиквешкото востание и по 105 години не потсетува дека храброста е непокорна ппред слободата“.

Млади актери читаа извадоци за автентични случувања од книгата „Тиквешкото востание 1913“ од авторот Зоран Тодоровски.

ПРВА НОЌНА ПОЛУМАРАТОНСКА  ТРКА ВО КАВАДАРЦИ

ПРВА НОЌНА ПОЛУМАРАТОНСКА ТРКА ВО КАВАДАРЦИ

Во организација на „Меридијан атлетик еко клуб“, а под покровителство на општината Кавадарци,  утре со почеток во 19:00 часот ќе се одржи првиот кавадаречки ноќен полумаратон.

Околу 250 атлетичари професионалци и рекреативци од Македонија, Чешка, Полска, Србија, Црна Гора и САД, ќе се натпреваруваат на патеката поставена по централните улици на Кавадарци.

Натпреварувачите ќе трчаат на 5, 10 и 21,097 километри.

Стартот и целта се на градскиот плоштад, а патеката се движи по улиците: „Илинденска“-кружен тек кај автобуската- по булеварот „Моша Пијаде, каде се свртува на семафорите кај ООУ„Гоце Делчев“-назад до центарот, па по улицата „Тиквешко Востание кад пред вториот триаголник се свртува назад се до целта.

Овој настан е прв од ваков вид, а желба на организаторите е тој да прерасне во убава спортска традиција на градот.