Категорија: Огласи и соопштенија

Измена на работното време на локалната админстрација

Измена на работното време на локалната админстрација

Со одлука на градоначалникот Александар Панов се врши времена промена на работното време на општинската администрација.

Општина Кавадарци-Локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне.

Промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кој деновиве владеат во земјата и регионот.

Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции.

Се информираат граѓаните дека веднаш со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, Општината веднаш ќе се врати на вообичаеното работно време.

Советодавен телефон за помош при вработување – соработка помеѓу општина Кавадарци и АВРМ

Советодавен телефон за помош при вработување – соработка помеѓу општина Кавадарци и АВРМ

Oпштина Кавадарци-Локална Самоуправа во соработка со Агенција за вработување на РМ делува во насока на остварување на стратешката определба за зголемување на вработеноста што директно придонесува  на порастот на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот на граѓаните во општината. За таа цел во општината е поставен советодавен телефонски број кој што е наменет за сите лица на кои му се потребни информации и помош при вработување.

Општина Кавадарци континуирано ќе ги информира сите заентересирани невработени лица за можностите, активните програми и мерки за вработување (кредити за самовработување) како и за можностите за обуки, преквалификации и доквалификации на невработените лица,  додека правните субјекти ќе бидат информирани за средствата и поволностите што ги дава државата за проширување и развивање на сопствениот бизнис -што стимулира отварање на нови работни места.

Сите невработени лица од ранливите категории граѓани ќе бидат навремено информирани за сите активни мерки и политики за нивно вработување како и за новите законски измени на законот за вработување на лица со инвалидност кој ќе опфаќа вработување на лица со инвалидност во приватниот и јавниот сектор со што ќе се унапреди целокупниот квалитет на живот на лицата со хендикеп и ќе се обезбеди нивна целосна инклузија во општествените текови.

Ве информираме дека  Агенција за вработување на РМ ги нуди следните услуги:

  • Помош при барање на работа
  • Мотивациски обуки
  • Посредување при вработување
  • Услуги за работодавачите
  • Подготовка за вработување и за работа
  • Професионална ориентација и кариерно советување
  • Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување

Telefon

Советодавен телефонски број – општина Кавадарци 043/ 416-145

 

Достапна администрација за лица со хендикеп

Достапна администрација за лица со хендикеп

И З В Е С Т У В А Њ Е

  

            Општина Кавадарци-Локална Самоуправа ги информира лицата со хендикеп и граѓаните дека започна со реализација и поддршка на проектот “Достапна администрација за лица со хендикеп”.

Проектот има за цел, Создавање на адекватни услови за лицата со инвалидност при остварување на нивните граѓански права и обврски, во правец на  полесен пристап до информации и услуги од Општината.

Локалната самоуправа им соопштува на граѓаните со одреден вид и степен на попреченост, дека, согласно препораките на Министерството за труд и социјална политика започна да ја спроведува интерната процедура за давање на услуги на лицата со попреченост, при што определи и лице за контакт од општинската администрација.

За сите информации лицата со хендикеп може да се обратата до лицето,

Јанинка Леова

тел. 070/ 282-271

e-mail jleova@test.kavadarci.gov.mk

Секој работен ден во текот на работното време.