Категорија: Реализирани проекти

АСФАЛТИРАНА НОВА УЛИЦА ВО  СЕЛОТО МАРЕНА

АСФАЛТИРАНА НОВА УЛИЦА ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци го реализираше комуналниот проект за изградба на улица во селото Марена. Оперативата на фирмата „Изолација“ ја асфалтираше новата улица и ја спои со локалниот пат кон село Сопот. Претходно беа изведени земјените работи, по што следеше тампонирање на вкупна површина од 525м2 од новата улицва.

Се работи за урбанизирање на земјена улица лоцирана на излезот од село Марена веднаш до локалниот асфалтен пат за селото Сопот.

Со раелизацијата на оваа улица повеќето куќи кои гравитираат во овој дел од Марена повеќе нема да се движат по пепел и кал кон своите домови.

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

Заврши поплочувањето на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа. Градежните работи ги изведе оперативата на фирмата „Ас Машини“ од Кавадарци.

Станува збор за проект на општината Кавадарци, реализиран на барање на жителите од овој дел, со кој се полочиа дополнителни 200м2 од оваа улица.

Општината за оваа намена издвои 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.

АСФАЛТИРАН СПОЈОТ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

АСФАЛТИРАН СПОЈОТ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“.

Изведувачот фирмата „Изолација“ од Скопје ги финишираше работите со поставување на асфалт на површина од 605 метри квадратни,.

Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.

За оваа намена општината потроши 1.155.000 денари, од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.

АСФАЛТИРАН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

АСФАЛТИРАН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Оператривата на фирмата „Изолација“ од Скопје со поставувањето на вториот,т аканаречен фин слој асфалтна маса го заврши асфалтирањето на новиот кружен тек. Новото сообраќајно решение е трто од ваков вид на територијата на град Кавадарци, а се наоѓа на спојот на улицата „Блажо Алексов“  со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“.

Со ова ново сообраќајно решение се создаваат услови за оптимална проточност како и безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот, на стариот влез во Кавадарци од правецот на Неготино.

Во наредната фаза ќе бидат поставени вертикалните сообраќајни знаци, а ќе се вцртаат и лините во бела, жолта и црна боја од хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Успешно реализиран проектот “Грижа на стари, изнемоштени и лица со оштетен вид“.

Успешно реализиран проектот “Грижа на стари, изнемоштени и лица со оштетен вид“.

Програмата општинско-корисна работа е финансирана од страна на УНДП и има за цел да го унапреди системот за обезбедување на социјални услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Општина Кавадарци има одредено искуство, односно одредени мерки кои ги превзема за развој на интегриран, транспарентен и одржлив систем на социјална заштита кој обезбедува достапни, ефикасни и квалитетни мерки и услуги креирани според потребите на корисникот.
Оваа година се ангажираа 12 лица како негователи во период од 6 месеци, ангажманот отпочна од 1 октомври 2017 година и траеше до 31 март 2018 година. Општина Кавадарци го финансираше делот за персонален данок на доход.