Категорија: Uncategorized

Aсфалтирање на делница од локалниот пат Ладно долче-Страгово-Крњево.

Aсфалтирање на делница од локалниот пат Ладно долче-Страгово-Крњево.

Опертивата на фирмата „Градба Промет“од Кавадарци зaпочна со Ова е последната фаза од ревитализацијата на овој значаен и фрекфентен локален патен правец кој е најкратката врска на Кавадарци со бошавијата. Општината претходно имаше повеќе градежни активноси меѓу кои и проширување на постоечкиот пат во ширина од 5,5.метри.
Согласно проектот целосно беше отстранет на стариот и дотраен асфалт, се изврши проширување, порамнување и тампонирање со набивање на трасата. Одводнувањето е решено долж целата траса со трапезни земјани канавки, а на одредени места се поставени армирано бетонски цевасти пропусти. Завршната фаза на поставување на целосно нов асфалт започна вчера а ќе се работи и во наредните два дена.
Инвеститор е Општина Кавадарци со добиени финансиски средства за под-заем, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии, поддржан од Светска Банка, со цел за подобрување на квалитетот на животот на месното население. Со реконструкцијата на оваа делница се заокружува функционалноста на овој локален пат во должина од 8 километри, од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб на Витачево, до спојот со регионалниот пат Конопиште-Крњево-Барово-Демир Капија.

СЕ ОДФРЖА ПРВИОТ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“

СЕ ОДФРЖА ПРВИОТ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“

Деца музички таленти од Кавадарци и Ковин синоќа настапиа пред публиката во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ како дел од првиот фестивал на традиционална музика „СРМА“.

Во рганизација на ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци и Домот на културата од збратимената српска општина тие синоќа пред публиката во поланата сала се претстава со тадиционална музика карактеристична за двата краја.

Синоќнешниот настап беше вовед во нешто поголемо што треба да се случи наредната година најпрво во Кавадарци на Св.Трифун 14 февруари 2020, а потоа на 29 ноември во Ковин. Тенденција на организаторот е фестивалот полека да прерасне мо меѓународен, за што сериозен интерес имаат изразено општини од Црна Гора, Боснаи Херцеговина и од Хрватска.

ПРОГРАМА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2019

ПРОГРАМА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2019

ПЕТОК 06.09.2019

12:00 – 12:15 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ,,ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР’’  

Локација: Главна сцена, Градски плоштад

11:00 – 14:00 Презентација и дегустација на Вина од Присутните Винарии

*Дополнително, во едно катче претставување/претстава на процесот на берба до создавање на виното и производите од грозје- Шумарско училиште.

Локација: Градски плоштад

13:00 – 13:30 TРКА НА КЕЛНЕРИ

Локација: ул.Илинденска

14:00 – 19:30 СТАРОГРАДСКА МУЗИКА

18 – 19:30 – Трио Мањифико

21:30 – 23.00 – Марјан Коцев и Галакси

Локација: Малото паркче

18 часот – Изложба на фотографии –Музеј галерија

15:00 – 16:00 ТУРНИР“Сестри Китеви”

Локација: С.Ц. Јасмин

20:30 – 21:00 Музика на разглас

21:30 – 22:45 2 БОНА

23:00 – 01:00 DJ TONI ZEN

Локација: Градски Плоштад

САБОТА 07.09.2019

10:00 – 12:30 Изложба на OLD TIMER-и

Локација: Градски плоштад

13:00 – 13:45  ТрадиционалноМОТО РЕЛИ

Локација: ул.Илинденска

14:00 – 15:00  Велосипедисти

Локација: Градски плоштад

– Штанд за тетовирање– артист Пане Ризов Bullfrog Tatto Studio

11:00 – 14:00 Традиционална ТАБЛИЈАДА

Локација: Малото паркче

14:00 – 19:30 СТАРОГРАДСКА МУЗИКА

15.00 -16:30 – ТриоГранде

17.00– 18:30 Класико

Локација: Малото паркче

18:00 –ПРИЕМ на Градоначалникот во Хол на Дом на култура

19:00 – 19:30 СВЕЧЕНА СЕДНИЦА за Денот на Општината во Дом на култура

Локација: Домот на Културата со покана од Општина

20:30 – 21:00 Музика на разглас

21:30 – 22:30 – Наташа Малинкова

23:00 – 01:00 ЈЕЛЕНА РОЗГА

Локација: Градски Плоштад

02:30 – 05:00 DJ METODIJ HRISTOV

–          DJ Lako

–          DJ Power

–          DJ METHA MILL

Локација: Костурница

НЕДЕЛА 08.09.2019

12:00h – 14:00 Традиционален, голем КАРНЕВАЛ низ улиците на Кавадарци кој завршува со претставување на Градскиот плоштад

*Жонглери за дополнителна анимација

Локација: Градски Плоштад

14:00 – 19:30 СТАРОГРАДСКА МУЗИКА

15 – 16 и 30 – Дуо Форте и Александар Ангелов

17.00 – 18 и 30 – Да Капо Bend

Локација: Малото паркче

20:00- 20:30 Музика на разглас

20:30– 21:45 БЕНД

22:00– 01:00 – ЗДРАВКО ЧОЛИЌ

01:00 Спектакулареногномет

Локација: Градски Плоштад

КРАЈ НА ФЕСТИВАЛОТ