Категорија: Животна средина

Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:

  ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

  Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 14-4916/1 од дпту СЕРТА  КОМПАНИ дооел ул. Шишка бб.

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2,  точка 6,  односно подточка 6.4. а) Кланица со капацитет на производство на трупови поголем од 5 t/ден но помал од 50 t/ден.

Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 21 од 9,00 до 12,00 часот.

Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

Б – интегрирана дозвола – Кланица со ладилник Серта компани Кавадарци

Согласно Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/2005), Законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 81/05, 24/07 и 159/08) со кој се уредуваат правата и должностите на правните и физичките лица во обезбедувањето на услови за заштита и унапредување на животната средина заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина и согласно Член 6 Начело на висок степен на заштита при што секој е должен при преземањето активности да обезбеди висок степен на заштита на животната средина и на животот и здравјето на луѓето, Кланица со Ладилник, Серта Компани, поднесува барање за дозвола за усогласување со оперативен план до Општина Кавадарци.

Информациите во барањето за добивање на Дозвола за усогласување со  Оперативен план се изготвени согласно барањата на Министерството за животна средина и просторно планирање издадено во Службен весник 4/2006.

Додатоци за б- интегрирана дозвола
Доставување на Б – интегрирана еколошка дозвола

Доставување на Б – интегрирана еколошка дозвола

До Општина Кавадарци доставено е барање за Б-интегрирана дозвола  на фирмата ЕНЕРГО МАКСИСТЕМ ДОО-Скопје за дејност  БЕТОНСКА БАЗА .

Сите засегнати странки документите за Б-инсталацијата можат да ги видат во соба 14 Општина Кавадарци  во периодот од 02-05-2017 до 09-05-2017 год од 09-00 до 12-00 часот.

Б – интегрирана еколошка дозвола