_DSC0011

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

            Општина Кавадарци во склоп на редовната комунална изградба деновиве интензивно работи на реконструкција на делницата од локалниот пат село Возарци-брана ХЕЦ„Тиквеш“. Станува збор за зафат со кој ќе се рконструра дел во должина од 1100 метри на потегот после мостот на Црна Река во правец кон браната.

Оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ согласно проектот на оваа делница работи на коловозна лента од 5,5 метри широчина. Истата беше тампонирана и подготвена за асфалтирање. Деновиве започне поставувањето на асфалтната подлога со дебелина од 7 сантиметри на вкупна површина од 4 600м2. Новата ревитализирана делница од патот ќе има две коловозни ленти секоја со широчина од 2 метри, а од  двете страни се поставени банкини со широчина од по 75 сантиметри.

            За оваа намена Општината ќе потроши 4.000.000 денари. Парите се обезбедени Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија помеѓу Маѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија претставувана од Министерството за фуинансии и Општина Кавадарци,.

            Се очекува работите целосно да завршат деновиве, по што сите кои го користат овој патен правец ќе ги почуствуваат придобивките од неговата ревитализација.

Освен за жителите на викенд населбите, ревитализацијата на овој локален пат ќе има големо значење и во развојот на алтернативниот,, планинскиот и езерскиот туризам во општината.