12003200_965072633548850_635025496683904351_n

Реновирана првата фасада на колективна зграда во Кавадарци

Станарите на зградата на улицата ,,Пано Мударов“ во Кавадарци позната како „комбинатската“ заедно Хабитат-Македонија, УСАИД, Локалната самоуправа и советот на Општина Кавадарци, го релизираатво проектот за комплетна обнова на  ликот на зградата со енергетси ефикасна фасада. Се работи за објкет изграден 60-сетите години од минатиит век, кој беше во фаза на распаѓање.

Градоначалникот Александар Панов денеска имаше средба со станарите заедно со преставниците на ,,Хабитат-Македонија“ истакнувајќи дека ова е прва зграда која во Кавадарци се изведува со финасирање од Локалната самоуправа со 20% од средствата, како и со поволни услови за кредитирање. „Тоа што беше заложба е имплементирано. Овој позитивен пример предизвика интерес за промена на фасадата на уште две згради, а има интерес за уште една трет објект, каде би се менувала фасадата, ПВЦ столаријата и покривот. Кавадарци е на добар пат во наредниот период, посебно да се интервенира на зградите во или околу центарот, посебно за изведба на термо фасада“ вели Панов.
Инаку ова е еден позиотивен пример и најверојатно ке се мултиплицира на граѓаните од другите згради на главните улици, а Локалната смаоуправа и понатаму ке стои како донатор со учество од 20 насто од вкупната инвестиција а можеби и повеке во зависност оид интересот на наите сограѓани.

Зоран Костовски директор на „Хабитат- македонија“ оценува дека е направена добра работа. „Чиститки за Гардоначалникот и Советот на Општината за почитувањето на европските вредности во станувањето, кои се најкомплексни за решавање. Ова го базирам на податокот дека е потребна согласност на многу субјекти, за да се пристапи кон реализација. Во Кавадарци имаше сенс и слух од сите страни но и од партнерите УСАИД, Локалната самоупреава, „Хабидат „и станарите, кои успеаа зградата да ја направат енергетски ефикасна“.

Тошо Јосков од името на станарите им се заблагодари на Советот и градоначалникот на Општина Кавадарци кои на станарите им овозможија подобри услови за живеење, нов покрив, нова ПВЦ Столарија и нова фасада.

Изведувачот на работите, фирмата ,,Фасада –ПА“ од Вевчани за неколку месеци успеа термички ја заштити зградата и на тој начин да се реализира желбата на сите стаанари да ги намалат трошоците за греење и ладење, а истовремено да изведат нов покрив на месдтото нас претходниот рамен, како и да постават нова ПВЦ столарија. На тој начин подобрена е звучната излолација и продолжерн векот на објектот во кој живеат за повеке децении.