општина -зграда

РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ ЗА 2018 ГОДИНА

Општина Кавадарци ги информира граѓаните даночни обврзници дека во тек е доставување на новите Решенија за  данок на имот кои во наредниот период ќе бидат доставени.

Еден од приоритетите по конституирањето на новата локална власт, е собирањето на данокот на имот од граѓаните и фирмите. Затоа општината пристапи кон усогласување на фактичката состојба на теренот со законската регулатива.

Решенијата за данок на имот за 2018 година се усогласени со следните параметри:

- спроведено е опфаќање на ново легализираните објекти согласно законот.

-   усогласување на решенијата со зонирање на објектите.

- извршена е усогласување на последната пазарна вредност на оданочувањето.

Општина Кавадарци уште еднаш апелира до граѓаните совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на Данокот на имот бидејќи тие пари се користат исклучиво за  граѓаните.

 Тоа се „НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.

 Плаќањето данок на имот е  должност на секој граѓанин но во исто време и придонес на поединецот во иднината на неговата општина. Платете го вашиот данок навреме, нашата Општина Кавадарци ќе ви биде благодарна. Ќе добиете  поубави улици, подобро јавно осветлување, место за изградба на фабрики и отворање на нови работни места, поубави и посовремени училишта, гостување на познати уметници, музичари рок групи, а пензионерите поубави простори за трошење на слободното време.

Општината ги потсетува граѓаните и фирмите на оваа нивна законска обврска.

Воедно изразува благодарност за разбирањето и поддршката.

Лице за контакт:

Надица Алексова : 072 307 229; nadicaaleksova@yahoo.com

 Флорина Делова : 075 311 156; florinasilevska@yahoo.com

Општина Кавадарци

Градоначалник

М-р Митко Јанчев