Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во придружба на претседателот на советот Ристо Сакалиев деновиве беше во посета на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Тие извршиа увид во тековните активности од реновирањето на зградата на противпожарната служба која со општински пари целосно се обновува и модернизира. 	Градоначалникот Јанчев е задоволен од квалитетот и текот на работата за модернизирање на кавадаречката противпожарна единица. 	Посетата беше искористена и за промоција на новото командно  возило џип од марката „Туарег“ кое го донираше компаниата  „Екстра бус“ од Кавадарци. Возилото е наменето за брза интервенција на пожарникарите. Опремено е со агрeгат на кој може да се приклучат алатките со кои се интервенира при сообраќајни незгоди. 	Во изјава градоначалникот Јанчев најави дека во наредниот период преку донации ќе бидат набавени уште две возила за против пожарната единица, а во меѓувреме се работи на комплетно реновирање на противпожарната зграда. Јанчев најави и изградба на нови гаражи, а за неколку дена ќе бидат вработени 16 нови пожарникари. 	Kомандирот на кавадаречката противпожарна единица, Илчо Богевски се заблагодари за донацијата и информираше за активностите на пожарникарите во изминатиот период, како и за бројот на пожари минатата година и во годинава кои се случени на подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, а во кои противпожарната служба интервенирала.

СЕ МОДЕРНИЗИРА ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА ВО КАВАДАРЦИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во придружба на претседателот на советот Ристо Сакалиев деновиве беше во посета на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Тие извршиа увид во тековните активности од реновирањето на зградата на противпожарната служба која со општински пари целосно се обновува и модернизира.

Градоначалникот Јанчев е задоволен од квалитетот и текот на работата за модернизирање на кавадаречката противпожарна единица.

Посетата беше искористена и за промоција на новото командно  возило џип од марката „Туарег“ кое го донираше компаниата  „Екстра бус“ од Кавадарци. Возилото е наменето за брза интервенција на пожарникарите. Опремено е со агрeгат на кој може да се приклучат алатките со кои се интервенира при сообраќајни незгоди.

Во изјава градоначалникот Јанчев најави дека во наредниот период преку донации ќе бидат набавени уште две возила за против пожарната единица, а во меѓувреме се работи на комплетно реновирање на противпожарната зграда. Јанчев најави и изградба на нови гаражи, а за неколку дена ќе бидат вработени 16 нови пожарникари.

Kомандирот на кавадаречката противпожарна единица, Илчо Богевски се заблагодари за донацијата и информираше за активностите на пожарникарите во изминатиот период, како и за бројот на пожари минатата година и во годинава кои се случени на подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, а во кои противпожарната служба интервенирала.