Кучињата скитници

Шинтерска акција за прибирање на кучиња скитници од улиците во Кавадарци

Општина Кавадарци со помош на шинтерска служба денеска спроведе акција за прибирање на кучиња скитници од улиците во градот.

Во акцијата беа фатени 13 кучиња. Тие се сместни во просторот на ветеринарната станица во Нготино.

Општина Кавадарци ги информира граѓаните за спроведената акција, а воедно ги повикува евентуалните сопственици чии неозначени кучиња се фатени со акцијата, дека истите можат да ги идентификуваат во Ветеринарната станица Неготино секој работен ден.

За подетални информации граѓаните да се обратата во Општина Кавадарци соба бр 14.