Добредојдовте во СИСТЕМ 72

Интерактивниот електронски систем за јавно достапните општински услуги СИСТЕМ 72, има за цел да ја зголеми ефикасноста и квалитетот во работењето и информирањето на граѓаните во Општина Кавадарци.

Граѓаните својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно.
Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен. Во рок од 72 часа, граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот за решавање, конечно решение или поведена постапка за решавање на пријавеното барање.

СИСТЕМ 72 ќе обезбеди подобар квалитет и контрола на општинските услуги кон граѓаните и ќе придонесе за решавање на проблемите и барањата на граѓаните на нов, модерен и едноставен начин, преку евиденција на барањето кое ќе се заснoва само на технички податоци и факти.

Исто така, му овозможува на Градоначалникот да ги следи, анализира, дијагностицира и подобрува резултатите создадени од секоја општинска служба.

Секоја пријава на проблем се генерира со единствен број, кој можете да го употребите во следење на решавањето на пријавата.
Валидна е-пошта е потребна за да пријавите проблем по електронски пат во СИСТЕМ 72.


Со почит,
вработените во Општина Кавадарци.