СВЕТЛЕЧКИ ЗНАЦИ-ТАБЛИ ПОСТАВЕНИ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Во правец на подобрување на вертикалната патна сигнализација, општина Кавадарци ги обнови старите светлечки патокази-табли на три раскрсници во строгиот центар на градот. Обновено е осветлувањето, како и пластичниот дел со натписите покажувачи на правецот.

Во функција се патоказите на раскрсницата меѓу улиците „7 Септември“ и „Цано Поп-Ристов“ кај мостот, потоа на спојот помеѓу улиците: „Цано Поп-Ристов“ и „Зелен пазар“, како и патоказот на аголот помеѓу улицата „Илинденска“ и улицата „Цано Поп-Ристов“ наспротив старат автобуска.

Бидејќи се работи за  регионални улици по кој минува патот од Неготино кон Прилеп, со овој потег општината создава услови за побезбедно одвивање на сообраќајот во ноќните часови посебно за транзитните патници.

Во општината во тек е тендерска постапка за обновување на постојната патна сигнализација како и нејзино подобрување со поставување на нови знаци.