IMG_6750

Тениски турнир за јуниори и јуниотки до 16 години

Градоначалникот Александар Панов денеска во кабинетото приреди прием за делегацијата од тенискиот турнир „Црна Река Опен“ Кавадарци. На овој прв меѓународен тениски турнир за млади категории за јуниори и јуниотки до 16 години кој се организира на терените  на Спортскиот центар „Јасмин“ учествуваат седумдесет тенисери од: Израел, Кипар, Англија, Норвешка, Русија, Украина, Австралија, Филипини, Франција, Словенија, Хрватска, Србија, Грција и Македонија.

Во делегацијата која имаше средба со градоначалникот Панов беа: директорот на турнирот Лазе Мицев, претставникот на „Tenis Europe“ Антонио Радојничкиќ, потоа првата носителка во женска категорија Теодора Ристиќ од Србија, тенисерката  Лада Баглаева од Австралија, како и домашната натпреварувачка кавадарчанката Теодора Мицева од ТК „Црна Река“.

„Mи преставува чест што во Кавадарци се одржува силен турнир за тенисери и тенисерки до 16 години. Се надевам дека од овој турнир и од сите идни што ќе се одржуваат ќе произлезе некое големо име, шампион од европски и светски размери кое ќе има добри спомени од Кавадарци. Моето најголемо задоволство е што нашите деца од Кавадарци се занимаваат со овој спорт, со нешто што е креативно при што го јакнат својот дух и стануваат работоспоособни и ментално здрави. Од мое име сакам на сите учесници од 16 земји да им посакам срдечно добредојде и убав престој во Кавадарци, и да победат најдобрите. Имам посебна желба, учесник на овој турнир биде победник на некој голем светски турнир,,-изјави градоначалникот Александар Панов.

Антоние Родојничкиќ преставник на „Tenis Europe“ вели дека овој турнир во Кавадраци е дел од проектот на Македонската тениска федерација во рамките на календарот за натпреварување. Ова година сме застапени со два турнири до 14 и 16 години. За Турнирот во Кавадарци се одзваа масовен број учесници од 16 држави. Финалните натпревари се закажани за петок и сабота и задоволни сме од условите за одвивање на ова Европско првенство.

Од името на домакинот- организатор ТК „Црна Река“Лазе Мицев вели дека тенисерите се задоволни од условите за натпреварување и престој во Кавадарци.

Упати благодарност и до коегите од Неготино каде паралелно со мечевите во Кавадарци се играат дуели и на тениските терени до спортската сла во соседниот град.

Турнирот започна во онеделникот на 3 август, а ќе се игра до недела 9 август кога ќе се играат и финалните средби на тениските терени на тенискиот клуб „Црна Река“ од Кавадарци.

Според официјалната листа на тенисери овој исклучително силен турнир е дел од календарот на Tenis Europe, а на истиот боите на Македонија  ги бранат вкупно 15 тенисери, меѓу кои се и кавадарчанките Теодора Мицева и Микаела Чејкова.