????????

Тиквешки гроздобер 2015

Тиквешкиот гроздобер 2015, ќе се оддржи од 28 до 30 август. Годинава на гроздоберор ќе настапт и групите „Црвена Јабука“ и „Суперхикс“ како и ди-џеј Гоце Саф кои се последните измени во програмата.

Грозодберската програма ќе започне во петок, 28 август со отворање на изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ чии автори се уметници од Кавадарци. Потоа ќе следува дегустација на вина од тиквешки винарии и презентација и дегустација на повеќе сорти на грозје, а петочната програма продолжува со кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“. Забавата на градскиот плоштад ќе започне со убавата песна на легендарниот Никола Бадев во чија чест ќе биде посветена „Вечерта на виното и песната“, по што ќе следи настап на Христијан Тодоровски, Ареа и ди-џеј Саф, а на полноќ во хотелот „Уни Палас 2“ ќе се избираат вински крал и кралица.

Во сабота гроздоберската програма започнува со изложба на олдтајмери и турнир во табла. По изложбата на фотографии „Замоци, Дворци и спомениците на УНЕСКО“ во Република Чешка ќе започнат централните активности од годинашниот гроздобер, Винскиот карневал“ по што ќе следат концертите на „Црвена Јабука“ и на Оливер Драгоевиќ.

Првиот дел од програмата во недела на 30 август е наменет за најмладите. На градскиот плоштад ќе има улични забавувачи, детска музичка програма, а на пладне ќе започне детскиот карневал. Попладне ќе се избираат најдобри вина, а од 21 часот е планиран настапот на Наташа Малинкова, Суперхикс и гостите од странствои „U2 трибјут бенд“.

Превземи – програма