УЛИЦАТА „СТРУШКА“ ПОДГОТВЕНА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Оперативата на фирмата „Изолација“ во склоп на проектот за ревитализација на улицата „Струшка“ изврши гребење на целата површина на стариот оштетен и дотраен асфалт.

Во наредните денови следува поставување на нов слој асфалт на површина од 1340м2, од спојот со улица „Киро Крстев“ до спојот со Улицата „Методи Џунов-Џико“.

За оваа намена општината ќе потроши 2.100.000 денари. Парите се од буџетот, сметка за комунална изградба.

Според програмата на општина Кавадарци, во оваа кампања со реконструкција се опфатени улиците: „Струшка“, „Владимир Назор“, „Јован Планински“, „Дисанска“ и една улица во селото Марена.